политика

Презентиран извештајот од проектот „Мрежа 23+” на Хелсиншкиот комитет

Според извршниот директор на Хелсиншкиот комитет, основната цел на проектот е структуриран придонес за вградување на принципот на владеењето на правото во Република Македонија, содржан во Поглавјето 23 – правосудство и темелни права

Ivana Ramadanova  | 16.06.2016 - Обновена : 17.06.2016
Презентиран извештајот од проектот „Мрежа 23+” на Хелсиншкиот комитет

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Хелсиншкиот комитет за човекови права и Институтот за европска политика, денеска на прес-конференција го презентираа извештајот од проектот „Мрежа 23+”, јавува Anadolu Agency (AA).

Според извршниот директор на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, основната цел на проектот е структуриран придонес за вградување на принципот на владеењето на правото во Република Македонија, содржан во Поглавјето 23 – правосудство и темелни права.

„Овој извештај претставува сублимат на заклучоци и препораки врз основа на следењето на областите во Поглавјето 23 – правосудство и темелни права. Извештајот беше подготвен во услови на длабока политичка криза како резултат на неуспешното имплементирање на Договорот од Пржино и неспроведувањето на главните негови точки поврзани со реформските приоритети што беа зацртани врз основа на Извештајот на Прибе”, изјави Пировска.

Како главни заклучоци кои беа споменати на прес-конференцијата се целосната контрола која власта ја има врз институциите во државата, како и неодвоеноста на партијата од државата.

Според организаторите, сето ова говори за речиси целосно отсуство на принципите што го дефинираат владеењето на правото во една земја, отсуството на поделба на власта поради доминантното влијание на извршната власт и целосна блокада на системот на заштита на правата на граѓаните.

Овој извештај претставува и придонес на граѓанските организации во областите каде што е клучно да се почне со спроведување на реформите и треба да послужи како насочувач во редефинирање не само на принципите во функционирањето на правосудството и државните институции туку и во редефинирањето на вредносните критериуми што треба да претставуваат појдовна точка во тој процес.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın