Турција

Турција: Џамија како ботаничка градина

Зелена или Ќопрукој џамија изградена 1930. година во турската Адана, поради зеленилото кое ја опкружува потсетува на ботаничка градина

İbrahim Erikan  | 22.04.2017 - Обновена : 23.04.2017
Турција: Џамија како ботаничка градина

Adana

АДАНА (AA) - Ибрахим Ерикан- Зелена или Ќопрукој џамија изградена 1930. година во турската Адана, поради зеленилото кое ја опкружува потсетува на ботаничка градина, пишува Anadolu Agency (AA).

Турскиот град Адана може да се пофали со природни убавини, архитектура и историски знаменитости. Адана е позната и по своите џамии, а најголемо внимание на минувачите им привлекува Зелената џамија. Името го доби по тоа што нејзините sидови се покриени со зелени винова лоза.

Зелената џамија, која е отворена за молитви пред 87 години, избрана е за втора најубава џамија во овој град. Најдобро ја опишува изреката „кој еднаш ќе ја погледа оваа џамија, мора да се сврти уште еднаш и да погледне за да се увери во вистинската убавина“.

Џамијата со доаѓањето на пролетта повторно е завиена во зелена покривка така што посетителите кои доаѓаат имаат чувство да шетаат во ботаничка градина. Таа е симбол на овој турски град, а во нејзиниот двор можат да се видат различни видови цвеќе.

Директорот на Здружението за чување на џамијата 78-годишниот Музафер Јелдан рече дека тој е еден од најстарите жители на овој град.

Директорот на Здружението за чување на џамијата 78. годишен Музафер Јелдан рече дека тој е еден од најстарите жители од овој град. Од 1995. година ова здружение води грижа за џамијата.

„Од тогаш до денеска работиме се што е во наша моќ, нашата џамија да биде што поубава", изјави Јелдан. Потсети дека е изградена 1930. година, но дека денешниот изглед го попримила во периодот 1963-1965 година.

„Секоја година работиме на тоа да остане во зеленило. Тука имаме различни видови цвеќе, се за убавината на оваа џамија. Тоа бара секојдневна грижа. Многумина ја посетуваат џамијата. Од сите страни доаѓаат да го видат ова зелено минаре. И џематлиите тука поминуваат многу време седејќи под дрвјето на дудот во нејзиниот двор. Имаме и библиотека, тука и читаат", појасни Јелдан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.