свет

Лавина во Јапонија, повредени 40 лица

Во лавината се повредени околу 40 лица, од кои осуммина се во тешка состојба

Zehra Ulucak  | 27.03.2017 - Обновена : 28.03.2017
Лавина во Јапонија, повредени 40 лица

Ankara

АНКАРА (АА) - Во скијачки центар во Јапонија се урна лавина во која се повредени околу 40 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Информативната агенција Кјодо објави дека на 120 километри северно од Токио, во скијачкиот центар Насу Онсен во префектурата Точиги се урнала снежна лавина.

Спасени се околу 40 лица кои се стекнале со повреди од лавината. Се истакнува дека меѓу повредените, 8 ученици средношколци се во тешка состојба.

Регионалната влада на префектурата Точиги побарала од силите за цивилна заштита да испратат спасувачки екипи на местотот на несреќата во Насу.

Во скијачкиот центар каде што се случила несреќата престојувале повеќе од 60 ученици од 7 средни училишта.

Поради лошите временски услови во подрачјето, спасувачките екипи не успеваат да ја дадат потребната помош.

Премиерот Шинзо Абе изрази жалење поради несреќата, и додаде дека владата на секаков начин ќе им помогне на погодените од лавината.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın