Етичка комисија

Членови на етичката комисија:


  • Претседател на етичката комисија Serife Gul OZDEMIR ARIMAN (адвокат)

  • Член на Етичката комисија Ertugrul CINGIL (главен и одговорен уредник на вести од земјата) 

  • Член на Етичката комисија Erdem ERDEMLIOGLU ( Шеф на Одделот за човечки ресурси) 

Задачи на Етичката комисија:

Комисијата ќе работи на градење, јакнење и спроведување на етичката култура во работата на АА, на едукација, планирање и присвојување на етичките номи во работниот живот на вработените на АА, на откривање и решавање на етичките проблеми кои можат да се појават внатре во агенцијата, како и на градење етичка култура, доверба и почитување на АА во очите на заедницата. 

Наши етички приоритети:

а) Чесност

Anadolu Agency ќе се придржува до приоритетот чесност во сите контакти и работење со физички и правни лица

б)Непристрасност


AnadouAgency не прави никаква разлика во односот кон сите вработени, ниту постапува со предрасуди.

в) Доверливост

Anadolu Agency во сите свои активности, услуги и односи со претплатниците изградени на база на взаемно почитување, обезбедува јасни, разбирливи и точни информации. Своите обврски кон вработените и претплатниците ги извршува во дадени рокови и во целост.

г) Транспарентност


Anadolu Agency на своите претплатници им дава јасни, разбирливи и потполни информации за сите нивни права, одговорности, користи и ризици врзани за сите нејзини услуги и производи.

д) Надгледање на општествените интереси


Anadolu Agency грижливо работи во извршување на сите свои обврски во врска со следење на општествените користи и интереси, кои во нејзините активности секогаш се пред заработката и профитот.