Анализа на вести, Балкан

’Жешка’ политика на ’студениот’ Балкан

Балканот, кој е актуелен по смртните случаеви поради студениот бран во овој зимски период, добро е подгреан од вжештената атмосфера поради етничката затегнатост во земјите од регионот која последните денови е во подем

Kayhan Gül, Adnan İdriz  | 21.01.2017 - Обновена : 22.01.2017
’Жешка’ политика на ’студениот’ Балкан

İstanbul

САРАЕВО/СКОПЈЕ (АА) – КАЈХАН ЃУЛ/АДНАН ИДРИЗ

Балканот, кој е актуелен по смртните случаеви поради студениот бран во овој зимски период, добро е подгреан од вжештената атмосфера поради етничката затегнатост во земјите од регионот која последните денови е во подем.

Настаните кои се случија едно по друго, покажуваат колку се чувствителни односите на Балканот и како можат одеднаш да се нарушат.

Најпрвин, тензиите меѓу Србија и Хрватска за членство во ЕУ, потоа противуставното славење на Денот на Република Српска (РС) во Босна и Херцеговина, па приведувањето на еден од поранешните премиери на Косово, Рамуш Харадинај и на крај тензиите меѓу Србија и Косово, поради поради забраната на влез на воз во Косово, доведоа до повторно зголемување на тензиите меѓу овие држави кои во деведесеттите години војуваа меѓу себе.

- Преговорите за членство на Србија во ЕУ

Србија во рамките на своите преговори за членство во ЕУ, во декември минатата година отвори две нови поглавја, но откако наиде на блокада од страна на Хрватска, не успеа да ги отвори поглавјата за култура и образование. Српската влада, која и претходно ја обвинуваше Хрватска за попречување на нејзините интеграции, по последните случувања излезе со остри изјави, што предизвика покачување на притисоците.

Повторно во декември минатата година, настана ’мини криза’, кога беше воочено дека во пакетчињата кои претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ ги делела во едно училиште за предшколска возраст во Дубровник, имало чоколада од српско потекло. Китаровиќ изјави дека, се соочила со ’невкусно изненадување’ и додаде оти, ќе им се извини на родителите, како и дека српските чоколади ќе бидат заменети со хрватски, за да се стимулира домашното производство.

Српските власти реагираа на овие изјави на Китаровиќ, кои беа оценети како ’хрватски национализам’. Оваа ситуација покажа дека дури и малите чоколада кои им се делат на децата можат одеднаш да ги расипат и така кревките односи на Балканот и поседуваат потенцијал да создадат криза.

- Реакција од Босна и Херцеговина на изјавата на хрватската претседателка

Повторно, Китаровиќ во една своја изјава за хрватските медиуми тврдеше дека ’илјадници’ странски војници, кои се борат на Блискиот Исток се враќаат во Босна и Херцеговина, претставуваат голема закана за Хрватска. Босна остро реагираше на тврдењата на Киратовиќ дека Босна и Херцеговина станала засолниште за странските војници. Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ изјави дека, овие тврдења се неосновани, поточно дека станува збор за околу 100 војници, а не илјадници. Тој нагласи дека причина за тензии меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина е изјавата на Китаровиќ, намерна кажана во пресрет на зимската туристичка сезона.

Босанскиот член на претседателскиот совет на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ ја повика хрватската претседателка ’два пати да размисли’ и рече оти, вистинската закана за Хрватска е прекумерниот хрватски национализам.

- Противуставниот Ден на Република Српска

Важен фактор во зголемувањето на тензиите меѓу двата ентитети, Бошњаците и Србите во Босна и Херцеговина е прославувањето на ’Денот на Република Српска’. Ѝ покрај тоа што претходно Уставниот суд на Босна и Херцеговина го забрани славењето, по иницијативите на претседателот на РС, Милорад Додик, ова прашање беше изгласано на референдум за Ден на РС, а на 9. јануари беа одржани големи прослави.

Овој референдум многумина го сфатија како тест за извесен планиран референдум за независност кој би се случил во 2018 година. Иако меѓународната заедница вршеше интензивен притисок, српскиот лидер не направи чекор назад, што уште повеќе ги затегна тензиите. На верските и официјални прослави на 9. јануари во Бања Лука, освен босанските Срби, присустуваа и високи функционери од Србија. Тензиите се зголемија откако на церемонијата учество земаа и пешадиската единица на Вооружените сили на Босна и Херцеговина.

Претставниците на меѓународната заедница во државата остро реагираа на тоа што една единица на државна армија противуставно присустуваа на церемонии.

- Неочекувани тензии меѓу Србија и Македонија

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во едно интер ју изјави дека Србија згрешила со признавањето на Македонија под уставно име, а како причина го посочи фактот што Македонија го призна Косово кое се отцепи од Србија.

„Сите го користат името ’Поранешна Југословенска Република Македонија’. Ние задавајќи им удар на нашите грчки браќа, од нив очекувавме да не ја признаат независноста на Косово. Навредувајќи ја Грција, ја признавме Македонија под нејзиното уставно име. А сега, Македонците во секоја прилика користи глас во корист на Косово“, рече Дачиќ во својата изјава.

Од Министерството за надворешни работи на Македонија излегоа со реакција на изјавата на Дачиќ, истакнувајќи дека не треба да се расипува пријателството меѓу Србија и Македонија. Неочекуваната затегнатост во односите меѓу двете соседни земји траеше кусо. Македонските власти предупредија дека е потребно одговорно однесување за да не ги уриваат традиционално блиските односи меѓу двете соседни држави, чиешто мнозинство граѓани го сочинуваат православни христијани.

- ’Оживување’ на македонско – албанските тензии

Додека продолжуваат активностите за формирање на влада по одржаните предвремени парламентарни избори во Македонија, албанските партии во државата објавија заедничка платформа во која го утврдуваат својот патоказ. Меѓутоа, претставниците на овие партии, пред да ја објават оваа платформа се сретнаа со албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи, што пак од македонската страна беше оценето како ’мешање во внатрешните односи’. Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски во писмено соопштение изјави дека, не е во ред премиер или претседател на соседна држава да се меша во внатрешните работи на Македонија.

- 2017 година започна тензично за односите Косово –

Србија и односите меѓу Србија и Косово се доста тензични во последно време. Особено тензични станаа односите меѓу двете држави откако, кон крајот од 2016 година повеќето од акциите на рудниците во Трепча ѝ беа префрлени на Владата на Косово.

Потоа еден косовски полициски шеф беше приведен при влез во Србија. На почетокот на 2017 година, Србија покрена меѓународна потерница, по што на 5. јануари на аеродром во Франција беше уапсен еден од поранешните премиери на Косово, Рамуш Харадинај. Ѝ покрај тоа што во рамките на претходно двете одделни судења во Лахеј беше донесена одлука за ослободување на Харадинај, неговото приведување отвори нов пат за тензии меѓу двете држави.

На протестни маршеви во Косово и Албанија беше барано Харадинај да биде пуштен на слобода. Харадинај беше во притвор околу една недела, по што беше изведен на суд и пуштен на слобода под судска контрола.

По случајот со фрлање бомба на 11. јануари врз владините канцеларии во Митровица, на 14 јануари избувна кризата со враќањето на српскиот воз. На возот кој после околу 20 години првпат тргна на релација Белград – Митровица, беше испишано ’Косово е Србија’ на 21 јазик.

Возот беше запрен во близина на косовската граница и му беше забранет влез во државата. Специјални косовски полициски единици беа испратени на границата. Косовската страна го оцени овој настан како провокација, а лидерите на двете држави излегоа со остри изјави. Косовскиот премиер Иса Мустафа рече дека се спремни да не го пуштат возот во државата, додека пак неговиот српски колега Александар Вучиќ ги обвини Косоварите за создавање на конфликтна ситуација. Српскиот претседател Томислав Николиќ во својата изјава ја употреби фразата ’ заедно со моите синови ќе учествувам во војна’, додека пак, министерот за внатрешни работи на Косово, Скендер Хисени нагласи дека во односите со Србија, Косово има две опции, ’или дијалог, или војна’.

- Кон каде се движи Балканот?

Овие тензии, кои покажуваат дека предизвикувањето на етничка криза на Балканот е полесно отколку да се запали оган, можат да бидат причина за губење на взаемна доверба и расипување на процесот на дијалот и заеднички односи, меѓу државите кои војуваа меѓусебно во деведесеттите години и кои имаат чувствителна и кревка рамнотежа.

Ѝ покрај тоа, што изгледа дека меѓународната заедница нема да дозволи нов вооружен судар на Балканот, сепак оваа ситуација негативно влијае на економските и трговските односи меѓу регионалните држави. Поголемиот дел од луѓето кои живеат на Балканот сѐ уште се окупирани со национализам, говор на омраза и историски настани.

Она што треба да се направи е развој на економските односи, создавање на можности за нови вработувања, зголемување на квалитетот на образованието, зголемување на стандардот на живеење, како и остварување на заедничката цел, односно превземање чекори на патот кон членство во ЕУ. Политичарите, кои знаат дека националистичките говори се начин за освојување на гласови на избори, наместо за иднина, тие зборуваат за минатото, наместо да градат мостови, тие градат ѕидови и наместо обединувачка политика, користат изрази на поделби.

Балканските народи кои се принудени да живеат заедно, треба да ги надминат недоразбирањата. За тоа дали Балканот ќе се движи кон светла иднина, или пак со својата хаотична неизвесност ќе се движи во друг правец, ќе покаже времето, дали регионалните држави ќе се разберат меѓусебно, без да им се даде можност на надворешни интервенции. Регионот, кој со години беше место на крвопролевања и војни има потреба од една посветла иднина. Балканските народи не треба да бидат само безгласни гледачи и статисти во еден лош филм, кој на крај ќе му се допадне само на неговиот ’режисер’.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.