Анализа на вести

БиХ: 11 години затвор за Станишиќ за геноцид во Сребреница, Милошевиќ ослободен

Ним им се судеше за убиство на околу 800 сребреничани во јули 1995 година, на браната кај зворничкото село Петковци

Vesna Besiç  | 31.03.2017 - Обновена : 31.03.2017
БиХ: 11 години затвор за Станишиќ за геноцид во Сребреница, Милошевиќ ослободен

Saraevo

САРАЕВО (АА) - Остоја Станишиќ, командант на Шестиот баталјон на Зворничката бригада на Војската на Република Српска (ВРС) е осуден на 11 години затвор поради злосторство геноцид, додека неговиот заменик Марко Милошевиќ е ослободен од обвиненијата поради недостиг на докази, како што наведе Судот на БиХ, јавува Anadolu Agency (AA).

По повеќе од четири години, Судот на БиХ им изрече пресуда на Станишиќ и на Милошевиќ, обвинетите за геноцидот во Сребреница.

Ним им се судеше за убиство на околу 800 сребреничани во јули 1995 година, на браната кај зворничкото село Петковци. Според обвинението, Станишиќ беше командант на Шестиот баталјон на Зворничката бригада на војската на Република Српска (ВРС), а Милошевиќ негов заменик.

Во соопштението, меѓу останатото се наведува дека обвинетиот Остоја Станишиќ, во својство на командант на VI Баталјон на Зворничката бригада и Марко Милошевиќ, во својство на заменик-командант на VI Баталјон на Зворничката бригада, во јули 1995 година, на подрачјата на селата Петковци и Џулиќи, општина Зворник, свесно им помогнале на припадниците на ВРС и на МУП на РС во спроведувањето на планот за трајно и присилно да се отстрани целото бошњачко цивилно население од заштитената зона на ОН во Сребреница, при што 40.000 бошњачки цивили се преселени од енклавата Сребреница, а повеќе од 7.000 бошњачки мажи и деца се убиени по кратка постапка.

Обвинението ги товари Остоја Станишиќ и Марко Милошевиќ за кривично дело геноцид од членот 171, точка a) и б) од Кривичниот закон на БиХ (КЗ БиХ), во врска со членот 180, став 1 (индивидуална кривична одговорност) од истиот закон.

Во август 2012 година, во предметот Остоја Станишиќ и др., Судот го потврди обвинението со кое Остоја Станишиќ и Марко Милошевиќ се товарат за кривичното дело геноцид.

На рочиштето за изјаснување за вината, одржано на 5. септември 2012 година, пред Одделот за воени злосторства на Судот на БиХ, обвинетите Остоја Станишиќ и Марко Милошевиќ се изјаснија како невини.

Во октомври 2012 година започна главниот претрес за овој предмет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın