Анализа на вести, политика

Некои од земјите од регионот и во Европа во очекување на коалиција, останаа без влада

Македонија, во последниов период се наоѓа во длабока политичка криза. И покрај тоа што општите предвремени избори беа одржани на 11 декември 2016 година, по повеќе од 4 месеци, сѐ уште нема формирано влада

Ekip  | 11.04.2017 - Обновена : 12.04.2017
Некои од земјите од регионот и во Европа во очекување на коалиција, останаа без влада

Sarajevo

СКОПЈЕ (АА) - Македонија, Бугарија, Северна Ирска и Холандија се земјите од Европа во кои во изминатите месеци беа одржани општи избори, меѓутоа, откако од гласачките кутии произлезе „потребата од коалицирање”, во овие земји сѐ уште не се формирани влади, пишува Anadolu Agency (AA).


Македонија, во последниов период се наоѓа во длабока политичка криза. И покрај тоа што општите предвремени избори беа одржани на 11 декември 2016 година, по повеќе од 4 месеци, сѐ уште нема формирано влада.

За решавање на политичката криза во земјата, која трае веќе подолг период, Европската Унија посредуваше во потпишувањето на договор меѓу најголемите политички партии во Македонија, во кој, една точка предвидуваше да се спроведат предвремени општи избори. По изборите, ниту една политичка партија не успеа да го добие потребното мнозинство, по што започнаа средбите за формирање коалициска влада.

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, по прогласувањето тесна победа на предвремените избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ, мандатот за формирање на македонската влада му го предаде на претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, меѓутоа средбите за формирање коалициска влада беа неуспешни.

Неуспешните средби на Груевски за формирање коалициска влада, уште повеќе ја продлабочи политичката криза, која веќе низа години владее во земјата.

Претседатеот Иванов изјави дека откако Груевски не успеал да формира влада, мандатот ќе ѝ го препушти на политичката партија од парламентот што ќе го докаже потребното мнозинство. На предвремените избори, втора политичка партија што освои најголем број гласови е Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), под водство на Зоран Заев. Иако претседателот на СДСМ, Заев, ги достави потписите на пратениците, со што го докажа потребното мнозинство за добивање мандат, од претседателот на Македонија, Иванов, не го доби очекуваното.

Заев постигна договор со трите албански партии во македонскиот парламент и нивната политичка платформа, исполнувајќи ги нивните барања за коалицирање, со што го доби потребното мнозинство во парламентот, но тоа не беше прифатено од страна на претседателот Иванов.

Претседателот Иванов го бранеше ставот дека албанската платформа е офијализирана и „увезена“ од Тирана, додека според ВМРО-ДПМНЕ, оваа платформа е неуставна и може да биде причина за ново редефинирање на земјата. Од партијата ВМРО-ДПМНЕ се истакнува дека за нив е неприфатлива платформата со која се бара албанскиот јазик да биде прогласен за втор официјален јазик во земјата.

Бидејќи ниту една политичка партија не го доби потребното мнозинство, платформата што ја формираа трите албански партии во Македонија има клучна улога во формирањето на коалициска влада.

- Меѓународни реакции

Тоа што мандатот од страна на претседателот Иванов не му беше доделен на Заев предизвика реакции кај меѓународната јавност. Јавноста во Македонија се подели на две страни околу недоделувањето на мандатот на Заев од страна на Иванов, но амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија, и еврокомесарот Јоханес Хан, побараа мандатот за формирање влада да му се додели на Заев.

Хан по предвремените парламентарни избори во земјата ја посети Македонија, при што се сретна со претседателот Иванов и со пратениците од македонскиот Парламент, и на Иванов му предложи уште еднаш да ја преиспита одлуката што ја донел, бидејќи Македонија нема време за губење.

И високата претставичка на ЕУ, Фредерика Могерини, при посетата на Македонија се сретна со претседателот Иванов, кому му предложи да го промени ставот за доделување на мандатот, бидејќи е загрижена оти таквиот негов став ќе ја претвори политичката криза во земјата во етничка криза.

Ламберто Заниер, генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), ја истакна својата загриженост за состојбата во земјата, и од лидерите побара да стават крај на политичката криза.

- Протести и можност од предвремени избори

Политичката криза уште повеќе се заостри со протестите коишто започнаа во февруари. Секојдневно, во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”, на ниво на целата земја се организираат протести на кои учествуваат илјадници учесници, кои реагираат против платформата што ја формираа албанските партии во Македонија.

Демонстрантите отворено ја искажуваат својата поддршка за претседателот Иванов, кој не му го доделува мандатот на Заев, ставајќи до знаење дека се против двојазичноста во земјата.

Се прават средби и околу сценаријата за излез од политичката криза, која во Македонија секојдневно се продлабочува.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека излезот од политичката криза може да се постигне доколку албанските партии се откажат од платформата и предложи со локалните избори во земјата да се одржат и предвремени општи избори. СДСМ инсистира да го добие мандатот за формирање влада.

- Во Бугарија се цели кон ‘еднопартиска коалиција’

По општите избори во Бугарија на 26 март, продолжуваат средбите за формирање влада.

Бојко Борисов, лидерот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), на изборите обезбеди 95 пратенички места во бугарскиот Парламент, кој брои 240 пратеници. За да формира влада, потребна му е поддршка од најмалку 121 пратеник. Борисов планира новата бугарска влада да ја формира во коалиција со само еден патнер.

Бугарската социјалистичка партија (БСП) на последните парламентарни избори освои 80 пратенички места.

Коалицијата „Обединети патриоти” (ОП), која под еден покрив ги собра расистичките и екстремни националистички партии во Бугарија, освои 27 пратенички места, „Движењето за права и слободи“ (НОН), кое во најголем дел се состои од Турци, освои 27 пратенички места. Партијата „Волја“ на Веселин Марешки, бизнисмен во нафтениот и фармацевтскиот сектор, освои 12 пратенички места.

Се очекува претседателот Румен Радев да му го предаде мандатот за формирање влада на Борисов, кој за да ја формира својата трета влада, реши да преговара со коалицијата „Обединети патриоти“.

Според бугарските медиуми, коалицијата ГЕРБ-ОП пред договарањето на техничките детали, постигнала консензус за формирање колициска влада којашто ќе опстои 4 години и нема да има предвремени избори.

Во првата половина од 2018 година, Бугарија ќе го преземе претседателството со ЕУ и затоа коалицијата што ќе биде формирана планира да опстане најмалку до јули 2018 година.

- Можат да бидат отежнати напорите за баланс на Борисов

Ограничување на правата на малцинствата, дискриминација, популистички говори против ЕУ, исламофобија, русофилија и непријателство кон НАТО се дел од ставовите на „Обединетите партиоти“, кои излегуваат во преден план. Ваквите ставови на ОП и барањето на Каракачанов, еден од ко-претседателите на партијата, можат да ги отежнат напорите на Борисов за балансирање на односите и за формирање влада.

Од друга страна, претседателката на БСП, Корнелија Нинова, соопшти дека ја следи ситуацијата и оти е подготвена доколку Борисов не успее да формира влада, според уставната процедура да го преземе мандатот за формирање влада од претседателот на Бугарија.

Во таква ситуација, на БСП, покрај ОП ќе ѝ биде потребен втор, дури и трет коалициски партнер за формирање влада.

Во ситуација на коалициски ќорсокак, на политичката сцена во Бугарија како клучен актер може да се појави партијата НОН, со своите 26 пратеници, со која никој од бугарскиот Парламент не сака да коалицира.

Иако во минатото имале различни гледишта, НОН може да ја одигра клучната улога што БСП може да ја доведе на власт.

Доколку и двете партии што на изборите во Бугарија освоија најголем број гласови не успеат да формираат влада, претседателот Радев може да ѝ го предаде мандатот за формирање влада на друга политичка партија во парламентот. Доколку и таквиот обид заврши без резултат, претседателот на Бугарија ќе биде принуден да го распушти парламентот и да даде датум за нови предвремени избори.

- Во Северна Ирска се продолжи времето за формирање влада

Северна Ирска, која е една од четирите делови на Велика Британија, на 2 март ги одржа своите предвремени избори, но сѐ уште не е формирана нова влада.

Северна Ирска бара регионален автономен устав, и е принудена да биде раководена од влада којашто е коалиција на проангликански ориентирана партија и една сепаратистичка партија.

Демократската партија за единство (ДУП), која е проангликански ориентирана, на предвремените избори во земјата освои 28 пратеници и не успеа да формира коалициска влада со националистичката партија Шин Фејн, која освои 27 пратеници.

Според законите, беше потребно владата да е формирана до крајот на март, но откако страните не се договорија, поради средбите што треба да се одржат во Лондон, формирањето на владата е одложено до 18 април.

Доколку не биде формирана коалициска влада, на дневен ред може да дојде повторното поврзување на автономното раководство со Лондон.

Претходната влада ја сочинуваа ДУП и Шин Фејн. Коалицијата беше раскината од страна на сепаратистичката партија во јануари оваа година, откако лидерката на проангликанската партија ДУП и претседателка на автономната област, Арлен Фостер, чија погрешна примена на полето на обновливи извори на енергија беше причина за загуба од 500 милиони фунти.

Шин Фејн не прифаќа Фостер да биде дел од владата. Освен тоа, инсистираат на поголем број барања, меѓу кое е и официјализирањето на локалниот јазик како официјален јазик во земјата.

Седиштето на Владата на Обединетото Кралство, кое го сочинуват Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска, се наоѓа во Вестминстер, Лондон.

- Во Холандија се бара четвртиот член во коалицијата

Општите избори во Холандија се одржаа на 15 март. Средбите околу формирањето на коалициската влада во земјата сѐ уште се во тек.

На изборите во Холанија, најголем број гласови освои Либералната партија (VVD), но за да формира влада потребно е да коалицира со најмалку три политички партии. Вo најголем дел од коалициските средби, постигнат е договор меѓу VVD, Христијанската демократска партија (CDA) и Демократите 66 (D66).

Кандидат за четврти коалициски партнер во новата холандска влада е Зелената левица (GL), која е следната партија со најголем број пратеници.

Политичките експерти во Холандија сметаат дека ГЛ е вклучена во средбите поради тоа што има голем број пратеници, но и оти е многу мала веројатноста ГЛ да биде дел од новата холандска влада.

Доколу не се постигне договор на средбите со ГЛ, тогаш ќе се преговара со Партијата за христијанско единство (CU), која има 5 пратеници.

Од друга страна, ниту една партија не сака да коалицира со радикално-десничарската Партија на слободата (PVV), предводена од Герт Вилдерс, која на изборите беше втора партија според бројот на пратеници.

За да се формира влада во Холандија, потребно е да се обезбедат 76 пратеници од парламентот кој брои 150 пратеници. На изборите, VVD освои 33 пратеници, PVV 20, CDA 19, D66 19, Социјалистичката партија (SP) 14, ГЛ 14, Лабуристичката партија (PVDA) 9, CU 5 и партијата ДЕНК тројца пратеници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.