Анализа на вести, Балкан

Одлуката на ЕП за Турција го загрижи Балканот

По изјавите на претседателот на Турција, Ердоган, во кои ја посочува природата на проблемот на бегалската криза, балканските земји кои се загрижени од отворањето на вратите, изјавија дека одлуката на ЕП не е од интерес ниту на ЕУ

Kayhan Gül  | 30.11.2016 - Обновена : 01.12.2016
Одлуката на ЕП за Турција го загрижи Балканот

Sarajevo

САРАЕВО (АА) - КАЈХАН ЃУЛ -

Може да се забележи дека прифаќањето на нацрт-предлогот на Европскиот парламент (ЕП) привремено да запрат преговорите со Турција за членство во ЕУ, кое паѓа в очи особено по објавувањето на информациите поврзани со бегалската криза, ќе влијае и врз балканските земји.

По објавувањето на одлуката на ЕП, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган даде изјава, која имаше голем оддек во медиумите на земјите во регионот. Можеше да се забележи дека голем број медиуми овие изјави на јавноста ѝ ги претставија како еден вид „закана“.

По изјавите на претседателот на Турција, Ердоган, во кои ја посочува природата на проблемот на бегалската криза, балканските земји кои се загрижени од отворањето на вратите, изјавија дека одлуката на ЕП не е од интерес ниту на ЕУ.

Министерот за надворешни работи на Хрватска и министер за европски прашања, Давор Иво Стиер, во својата изјава по одлуката на ЕП поврзана со Турција, истакна дека привременото запирање на преговорите со Турција не во интерес ниту на Хрватска ниту на ЕУ. Тој посочи на фактот дека е потребно да се сочуваат конструктивните и избалансирани односи меѓу ЕУ и Турција.

Експресната изјава на Хрватска, која е една од балканските земји на патот на надежта на бегалците со желба за подобар живот во западноевропските земји, покажува дека Хрватска не сака уште еднаш да биде дел од еден нов бегалски тек, и кажува дека е потребно кон Турција да се води избалансирана и праведна политика.

„Србија е подготвена да ги штити границите“

Една друга земја од балканската рута е Србија, која исто така не остана нема по случувањата меѓу ЕУ и Турција во последните денови. Министерот за труд, вработување и социјални работи на Србија, Александар Вулин истакна дека новонастанатата ситуација меѓу ЕУ и Турција и откажувањето на договорот околу бегалците може да го зголеми бројот на бегалци. Министерот Вулин изјави дека во таква ситуација, Србија е подготвена да ги заштити своите граници.

Во ситуација на еден вонреден бегалски тек, министерот Вулин изјави дека за заштита на границата ќе ја зголемат безбедноста и ќе ги спроведат потребните законски постапки. Тој истакна дека можеби Србија нема моќ да влијае на светската политика, но може да ги заштити сопствените граници.

Во изјавата на раководството на Македонија се потсетува дека поради интензивниот бегалски тек, во август 2015 година била прогласена кризна состојба. „Активната состојба на раководството за управување со кризи има за задача да врши заштита на границите и на коридорот. Таа е подготвена да даде одговор на заканата од вонредно зголемување на бројот на бегалците и на можните нови сценарија“.

Одлуката ќе влијае и врз балканските земји

Одлуката што ЕП ја донесе за преговорите со Турција, можеби директно не, но во секој случај ќе влијае и врз западнобалканските земји. Привремениот прекин на преговорите меѓу ЕУ и Турција, последователно може да биде причина за еден нов бегалски тек, од кој најмногу ќе бидат погодени земјите што се дел од балканската рута.

Бегалците кои бегаат од сопствените земји поради продолжувањето на судирите во Азија и во Африка, за да ја пристигнат својата крајна цел, како транзит ги користат земјите од Западен Балкан. Во случај на нов бегалски тек, овие земји ќе се соочат со ситуацијата од минатата криза со бегалците.

Балканските земји минаа тежок период кога 1 милион бегалци транзитираа низ овие земји во периодот од летото 2015 година до март оваа година, кога беше затворен балканскиот коридор. Бегалските центри, кои немаа доволен капацитет и со лоши животни услови, беа причина за хуманитарни драми, кои предизвикуваа чести судири меѓу полицијата и бегалците. Тие беа едни од најзначајните случувања во тој период.

Против големиот бегалски бран, земјите ги затворија своите граници поставувајќи жица наоколу, и на границите испратија голем број припадници на војската и полицијата. По овој период, започна трговијата со луѓе и бегалската криза, кои како важни прашања го привлекоа вниманието врз себе.

Претседателот на Македонија, Иванов: „Има 20-30 милиони потенцијални бегалци”

Иако со затворањето на западнобалканската рута има значителен пад, сепак продолжуваат илегалните преминувања на границите.

Еден период во светската јавност значајно место имаше грчко-македонската граница, која по распределувањето на бегалците низ камповите во Грција, се изгуби од дневниот ред. Сепак, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов продолжи со предупредувањата за заштита од нов и поголем бегалски бран.

Во претходните изјави, Иванов беше рекол дека ќе има нов бегалски бран и милиони бегалци повторно ќе ја користат балканската рута во желбата да пристигнат до Европа. Последен пат за тоа зборуваше за време на средбата во Бугарија, кога изјави дека е можно бројката на бегалците да изнесува 20 до 30 милиони.

Во периодот од летото минатата година до март оваа година, низ балканската рута минаа „само“ 1 милион бегалци, при што се случија голем број тепачки, хуманитарни драми, безбедносни мерки и кризи. Не е тешко да се претпостави што ги очекува овие земји при нов, вонреден бегалски бран на балканскиот коридор.

Затоа, одлуката на ЕП за Турција може да влијае врз договорот за бегалците меѓу Еу и Турција и доколку Турција ги отвори вратите, балканските земји ќе бидат место на нови кризи. Воопшто не е зачудувачки фактот што земјите од Балканот сакаат да бидат сочувани конструктивните и избалансирани односи меѓу ЕУ и Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.