Балкан

„Балканот може да биде модел за Европа, а не Европа за Балканот“

Турскиот новинар и колумнист Јусуф Каплан, во разговор со Anadolu Agency (AA) даде оцена за односите меѓу Турција и земјите од Балканот

Dzihat Aliju  | 23.11.2017 - Обновена : 24.11.2017
„Балканот може да биде модел за Европа, а не Европа за Балканот“ Besar Ademi/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - ЏИХАД АЛИУ - Турскиот новинар и колумнист Јусуф Каплан истакна дека Балканот може да биде модел за Европа, а не Европа за Балканот.

Каплан, кој престојуваше во Скопје за да учествува во низа активности, во разговор со Anadolu Agency (AA) даде оцена за односите меѓу Турција и земјите од Балканот.

Тој нагласи дека Балканот остана вклештен помеѓу Европа и САД и додаде дека се прави културна, политичка и економска интервенција во регионот.

Каплан истакнува дека Американците како и Европејците, особено Германија, се обидуваат да го уредат Балканот. „Од една страна се Американците, од друга страна земјите од Европската Унија (ЕУ), особено Германија. Го сметаат како своја „бавча“, воспоставувајќи врски со земјите од Балканот, како тие да не можат да се движат независно од Америка или Германија. Значи ја обликуваат неговата економија и култура“, рече Каплан.

Тој истакнува дека народите во регионот може да се бараат интеграција на Балканот во ЕУ, во поглед на благосостојбата и правата, „но, на долг рок не ќе може да се спречи исчезнувањето на специфичниот културен идентитет“, рече Каплан. Треба да се преземат мерки во тој правец. Затоа, треба да се води грижа за младите. Кој ги занемарува младите, ја уништува својата иднина“, пренесе турскиот колумнист.

- „Општествата без историја, се општества без среќа“ -

Каплан истакна дека постои цивилизациско подрачје во коешто припаѓаат Македонија, Косово, Албанија, како и Босна и Херцеговина. Како што рече, тој регион ја има искусено исламската цивилизација конкретно создадена од страна на Османлиите.

Турскиот колумнист вели дека младите ги советува да имаат самодоверба, а првиот услов за тоа, како што рече тој, е грижа за сопствениот културен идентитет. „Општествата без историја се општества без среќа. Општествата што ја загубиле културата, не можат да остават трага во историјата“, нагласи Каплан, кој додаде дека сите луѓе од управниот кадар на Османлиите биле по потекло од Балканот, и имале огромно цивилизациско искуство. Според него, регионот поседува еден модел на социјална поделба (милет) кој сѐ уште не е надминат од страна на западната цивилизација.

Еден од основните проблеми со којшто се соочува светот е соживотот, вели Каплани, и според него, западната цивилизација е несупешна во ова прашање.

„Едно место што не поседува црква, синагога, џамија, тоа место не е исламска цивилизација. Претходно, еден филозоф од Западот не можел да каже една ваква реченица, бидејќи нема такво искуство. Исто и денес не се во состојба да го направат тоа, бидејќи го пламнуваат светот за своите интереси, ставајќи се себеси во центарот. Тие не се двоумат да го претворат светот во пекол. Што бараат овие луѓе во Ирак и во Сирија? Што сакаат да направат? Дали таму донесоа правда, дали донесоа слобода, дали донесоа демократија, дали донесоа човекови права? Не, во целосна смисла на зборот го претворија во пекол. Ги уништуваат градовите на муслиманите. Сакам да нагласам, дали можете да замислите да се уништува Лондон, да се уништува Париз? Ги уништија Багдад, Дамаск, Мосул, Киркук, Кабул, ги претворија во пекол. Светот не треба да биде нем на тоа. Од една страна, спомнувате човекови права, слободи, демократија, цивилизација, мир, а од друга страна, одите, ги бомбардирате и ги уништувате“, вели Каплан.

- „Балканот може да биде модел за Европа, а не Европа за Балканот“ -

Каплан истакнува дека треба да се пронајдат заедничките историски и културни вредности, со што луѓето меѓусебно ќе се разберат врз основа на солидарност, а не врз основа на конфликт, и пренесе дека идентитетот на муслиманите на Балканот е пасивизиран, и оти тој треба да се зајакне.

Каплан потсети дека муслиманите и евреите од Европа биле изложени на различни тешкотии кога биле протерани од Андалузија, Шпанија и од Португалија. Како што рече тој, откако Султан Мехмет Освојувачот во 1463 година ја освоил Босна и Херцеговина, издал ферман (султански указ, наредба) за заштита на христијаните и на евреите во земјата.

Каплан пренесе дека со векови е создавано искуството на соживот на Балканот. „Ова може да биде модел за Европа, Европа не може да го направи тоа. Балканот може да биде пример за Европа, а не Европа за Балканот“, вели турскиот колумнист Каплан.

- „Ако не можете да ја напишете својата историја, не можете да направите историја“ -

„Убиени се стотици илјади лица. Никој не зборува, каде се човековите права, слободи, правдата. Гледам дека луѓето на Балканот не се свесни за овие нешта. Вообичаено, Османлиите на Балканот се претставувани како империјалисти. Нема такво нешто. Тие не се мешале со религијата, јазикот, културата на народот, и тоа во еден период кога Европејците го колонизираа целиот свет, во период кога ги искоренувале сите цивилизации. Историјата толку лажно се пишува. Тоа го прави оној што ја пишува историјата. Не треба да се заборави тоа. Ако не можете да ја напишете историјата, не можете да направите историја“, додаде во разговор со АА турскиот колумнист Каплан, истакнувајќи дека никој не зборува за балканските злодела што ги доживеал народот во регионот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.