Балкан

„Военото злосторство никогаш и никому не може да му се исплати"

Ратко Младиќ во војната командуваше со воените единици кои ги извршија некои од најлошите злосторства во поновата историја

Almir Terzic  | 22.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
„Военото злосторство никогаш и никому не може да му се исплати"

Sarajevo

САРАЕВО (АА) - Пресудата на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија против поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, е уште една потврда дека военото злосторсво никогаш и никому не може да му се исплати, колку и да кријат злосторниците и да бегаат од својата одговорност, изјави Денис Звиздиќ, претседавач со Советот на министри на БиХ, јавува Anadolu Agency (AA).

„Казната што Хашкиот трибунал му ја изрече на воениот командант на Војската на Република Српска нема да ги врати илјадниците настрадани невини цивили, сигурно нема ниту на нивните семејства да им донесе конечен спокој, но важноста на таа судска пресуда е далекосежна за иднината за целиот регион. Воената историја на поранешна Југославија ќе се пишува врз основа на докази и факти што недвосмислено ќе бидат утврдени во хашките судници, а сето останато се дневнополитички реакции, со цел историското значење на денешниот настан да се намали или да се релативизира“, наведува Звиздиќ.

Ратко Младиќ во војната командуваше со воените единици кои ги извршија некои од најлошите злосторства во поновата историја. „Неговата одговорност е утврдена надвор од каков било разумен сомнеж и тој ќе остане запаметен само по своите злосторства. Се надевам дека пресудата што Меѓународниот кривичен суд денес му ја изрече на Ратко Младиќ внимателно ќе ја прочитаат сите оние што секогаш повикуваат на нови поделби и судири, ако веќе не се подготвени да се соочат со своето минато“, изјави Звиздиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın