Балкан

„Договорот за демаркација на границата со Црна Гора услов за укинување на визите"

„Крајно време е да одиме напред. Време е да ја изгласате ратификацијата на договорот за демаркација на гранциите со Црна Гора. Тоа ќе ја деблокира либерализацијата на визите за граѓаните на Косово", изјави Могерини

Zülfiya Yakup  | 04.03.2017 - Обновена : 05.03.2017
„Договорот за демаркација на границата со Црна Гора услов за укинување на визите"

Pristina

ПРИШТИНА (АА) - Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, порача дека е крајно време Косово да го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора како услов за добивање на визна либерализација, јавува Anadolu Agency (AA).

Шефицата на европската дипломатија, Могерини за време на заедничката изјава за медиумите со премиерот на Косово, Иса Мустафа, изјави дека во мај минатата година јасно било кажано дека останале уште два услови за визна либерализација.

Таа оцени дека во еден од условите, да се подобри борбата против организираниот криминал и корупција, напредокот бил постигнат, но дека останува ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Таа ги повика политичките партии да пронајдат начин тој договор да се усвои во Собранието на Косово.

„Крајно време е да одиме напред. Време е да ја изгласате ратификацијата на договорот за демаркација на гранцата со Црна Гора. Тоа ќе ја деблокира либерализацијата на визите за граѓаните на Косово. Ние уште сега сме подготвени и останува на парламентот на оваа држава да ги преземе чекорите напред” , изјави Могерини.

Високата претставничка ги пофали косовските официјални лица на конструктивноста и позитивноста во моментите на тензии со Србија, кои се надминати преку дијалог.

Могерини нагласи дека дијалогот на Косово и Србија нема алтернтива, и дека тој дијалог е во корист на косовскиот народ. Таа истакна дека таа е гарант на реализирањето на постигнатите договори во Брисел.

„Пред да заминам од Косово ќе го посетам и мостот во Митровица, кој повеќе нема да претставува знак на конфронтација или поделба, туку ќе биде симбол на нови односи помеѓу албанската и српската заедница на Косово. Градскиот простор ќе биде ставен на услуга на граѓаните на Митровица, јужниот и северниот дел и ревитализацијата на мостот, како и улиците на Кралот Петар, ќе го олеснат контактот меѓу сите граѓани на Митровица и ќе придонесат за размена на разбирање и се што се поврзува со дијалогот” , изјави Могерини.

Премиерот на Косово, Иса Мустафа, порача дека Косово е подготвено да го продолжи дијалогот со Србија, но дека не се гледа подготвеност на Србија кога ги држи како заложници пратениците и министрите од Српската листа. Тој побара од ЕУ со своето влијание да ги врати Србите во косовските институции.

„Побаравме и помош од високата претсавничка Могерини и Европската комисија на надминување на состојбата во врска со демаркација на границата со Црна Гора поради противење на еден дел од парламентот, вклучувајќи целата опозиција но и недостаток на пратениците на Српската иста во собранието, што ги држи граѓаните заложници на овој критериум и не можат да се движат слободно во ЕУ” , изјави Мустафа.

Шефицата на европската дипломатија утринава беше пречекана и од претседателот на Косово, Хашим Тачи, а притоа и од претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели и премиерот Иса Мустафа.

Могерини одржа и состанок со лидерите на косовските парламентарни партии во просториите на Канцеларијата на ЕУ во Приштина.

Следува нејзината посета на Митровица каде ќе ги посети трудовите на главниот мост на реката Ибар, кој го дели градот на јужен албански и северен српски дел, а кој се ревитализира со средствата на ЕУ.

Могерини во рамките на балканската турнеја започната пред три дена ја посети Македонија, Србија и Албанија а од Косово ќе замине и во БиХ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.