Балкан

„Земјите од Балканот треба да изградат соработка на регионално ниво"

„Време е да организираме држава за се, општество еднакво за се и да изградиме соработка на регионално ниво и пошироко. Тоа се нашите европски вредности, тоа се нашите социјалдемократски вредности за кои се залагаме“, истакна Заев

Vesna Besiç  | 18.11.2017 - Обновена : 19.11.2017
„Земјите од Балканот треба да изградат соработка на регионално ниво" (Foto: Samir Jordamovic/AA)

Sarajevo

САРАЕВО (АА) - Премиерот на Република Македонија Зоран Заев којшто во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, учествува на регионалниот Самит на лидери на социјалдемократските партии порача дека земјите од Балканот треба да изградат соработка на регионално ниво и пошироко, јавува Anadolu Agency (AA).

„Време е да организираме држава за се, општество еднакво за се и да изградиме соработка на регионално ниво и пошироко. Тоа се нашите европски вредности, тоа се нашите социјалдемократски вредности за кои се залагаме“, истакна Заев и додаде дека мора да се случат промени.

Порача дека на Балканот многу се зборува за ЕУ, но дека е време за конкретна акција.

„Се зборува и тука на Балканот, но верувам дека е време за акција. Ние сме денес тука да најавиме нешто што веќе веројатно и е потребно и на ЕУ, а сигурно и на Балканот. Доста ни е од квазипатриотизам, дебати.... Единствена алтернатива нешто конкретно да се промени е социјалдемократијата. Доаѓа времето на социјалдемократи“, истакна Заев.

Нермин Никшиќ, претседателот на Социјалдемократската партија на БиХ, изрази гордеење што лидерите на социјалдеморкатските партии од регионот се собрале денес во Сараево за да покажат дека во регионот може да се работи и соработува врз основа на доверба, другарство, солидарност, еднаквост, без никакви кавги и измами.

„ Тоа е нешто што ќе биде наше определување. На нас ни е цел да покажеме како може да се живее во БиХ, како во БиХ живеат три народи, но дека тоа е една душа. Дека тука може да се соработува врз основа на искреност. И дека постојат лица кои се горди припадници на сите народи, а кои сакаат малку повеќе да бидат Босанци и Херцеговци“, порача Никшиќ.

Сергеј Станишев, претседателот на Партијата на европски социјалисти, изјави дека денес се тука, меѓу останатото, и да ги поддржат лидерите на Социјалдемократската партија на БиХ.

Според неговите зборови, втора причина зошто се денес во Сараево е тоа што сите социјалдемократи во ЕУ и регионот сакаат да пренесат силна, материјална и предвидлива перспектива на ЕУ.

„ Станува збор за кредибилитетот на ЕУ и на нашето политичко семејство и треба да постигнеме напредок“. Нашата мисија во следните неколку месеци е заеднички да работиме за да испратиме силна порака на Самитот на лидерите на ЕУ во Софија следната година во мај", рече Станишев.

Претседателот на црногорската Социјалдемократска партија, Ранко Кривокапиќ, рече дека се вратиле во градот каде што ја победиле војната и дошле оттука да тргнат во победа на поделбата и моделот кој владее на Балканот - скарај па владеј.

„На Балканот владе сиромаштија, деструкција и заминување на луѓето. Го губиме она што е највредно и младост и сила и знаење“, порача Крвокапиќ.

Претседателот на Српската демократска партија, Драган Шутановац, рече дека се состануваат денес, бидејќи веруваат дека социјалдемократијата е единствената можна опција за регионот.

„Бидејќи помирувањето и солидарноста се нешто што се основа на нашата полтиика, нешто што треба да биде основа и на сите граѓани кои живеат на оваа територија. За жал, имаме регион во кој, не во мал број на земји до неодамна а во некои и сега, раководеле неискрени европејци или искрени антиевропејци. Луѓе кои декларативно се залагаат за ЕУ, а всушност го прават токму спротивното“, појасни Шутановац.

Според неговите зборови, социјалдеморкатијата во Европа е во криза.

Потпретседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска, Златко Комадин, рече дека ЕУ за БиХ не е само цел, туку средство за решавање на демократските дефицити и последиците од економската транзиција.

Во Сараево денеска се одржува регионалниот Самит на лидери на социјалдемократските партии, чиј домаќин е Социјалдемократската партија на БиХ во соработка со Паријата на европски социјалдемократи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.