Балкан

„Изборите се добра опција за Косово, но не носат решение за најважните прашања"

Косовските аналитичари сметаат дека предвремените избори кои треба да се одржат на 11 јуни ќе донесат одредени решенија на политичката криза предизвикана со промена на Владата во Собранието на иницијатива на опозицијата

Zülfiya Yakup, Sibel Vezaj  | 20.05.2017 - Обновена : 21.05.2017
„Изборите се добра опција за Косово, но не носат решение за најважните прашања"

Pristina

ПРИШТИНА (AA) – Косовските аналитичари сметаат дека предвремените избори кои треба да се одржат на 11 јуни ќе донесат одредени решенија на политичката криза предизвикана со промена на Владата во Собранието на иницијатива на опозицијата, но дека тешко ќе бидат решени најважните прашања како што се формирање на Заедница на општини со српско мнозинство и ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Сметаат дека на настанувањето на кризата делумно влијаеле и претставниците на меѓународната заедница на Косово.

Политиколозите Рамуш Тахири и Белуј Бечај во изјави за Anadolu Agency (AA) истакнуваат дека меѓународната заедница влијаела на создавањето на политичката криза.

Тахири потсетува дека по парламентарните избори 2014 година била формирана постизборна коалиција ВЛАН, во која членувале до тогаш опозициските партии: Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Движењето Самоопределување, Алијансата за иднина на Косово (ААК) и Иницијативата за Косово (Нисма). Меѓутоа, поради одлуката на Уставниот суд, на партијата која ќе освои највеќе гласови да и се даде мандатот за формирање Влада, дојде до распаѓање на ВЛАН. Најгласана партија беше Демократската партија на Косово (ПДК), но не со доволно мнозинство самостојно да формира влада, ЛДК го напушта ВЛАН и потпишува договор со ПДК.

- Политичка хипокризија

„Така е создадена голема коалиција помеѓу две главни партии на Косово, која функционираше три години, но на крај се распадна затоа што еден коалиционен партнер, во овој случај ПДК, пресмета дека би можел да има три функции- премиер, претседател на Собранието и претседател на земјата", вели Тахири.

Според неговото мислење, политичката криза во земјата има врска и со големата стапка на невработеност, приватизација, како и неуспешниот извоз и увоз. Тој оценува и дека насилните протести и блокадите до кои дојде поради договорот за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство, дијалогот Косово-Србија, како и договорот за демаркација со Црна Гора, не беа причини за распад на коалицијата и рушење на Владата.

Тахири смета дека на Косово, владее хипокризина на политичките елити, затоа што „ и покрај промената на власта, 70 отсто од пратениците ќе бидат исто како и досега, а партиските листи, програмите и развојната стратегија остануваат исти како и порано". Исто така истакнува дека е потребно повлекување на меѓународната заедница од Косово за да оваа земја го пронајде својот пат на развојот.

„Безпомошноста на граѓаните е во тоа, да сите овие гарнитури, сите овие елити, одржуваат со меѓународните мисии кои се тука. Мисиите ги одржуваат, храбат и поддржуваат. Затоа ние не можеме да направиме промени и да се надеваме дека можеме да ја смениме ваквата ситуација", нагласи Тахири.

- Наметнатно влијание на меѓународната заедница

Политикологот Белул Бечај, причината на моменталната ситуација на Косово ја гледа во извонредно наметнатото влијание на меѓународната заедница.

„Ова е направено благодарејќи на извонредно наметнатото влијание на меѓународната заедница, која сметаше дека доколку направите 'слон коалиција” можете да се придвижите кон крајот на неколкуте важни теми кои влијаат на односите помеѓу Косово и Србија, како што се демаркацијата или Заедница на општини со српско мнозинство", рече Бечај.

Последица на ваквата состојба е што народот потполно ја загубил довербата во домашните политичари и политиката, додека „ниту еден партнер не му верува на другиот политички партнер и тоа говори за длабока морална и политичка криза".

Бечај очекува позитивни промени по предвремените парламентарни избори, но не и решавање на прашањата како што се демаркација и Заедница на општините со мнозинство. Според неговите зборови, во овој нов однос политичката криза ќе се продлабочи. Како што вели тој, сега постои приближување на ставовите за демаркација, но Заедницата на општините со српско мнозинство останува „тројански коњ" во рамките на косовската држава.

Владата на Косово е срушена со гласовите на пратениците на Демократската партија на Косово на Кадри Весели, која беше коалиционен партнер на Демократскиот сојуз на Косово, партијата чиишто лидер е Иса Мустафа, иако опозицијата бараше изгласување на недоверба на Владата.

Претседателот на Косово Хашим Тачи по падот на Владата распиша предвремени парламентарни избори за 11 јули оваа година и прв пат се формирани големи предизборни коалиции на албанските партии. Од една страна е коалицијата ПДК-ААК- Нисма, со уште десет помали партии, чиишто кандидат за премиер е Рамуш Харадинај, лидерот на ААК. Од друга страна е коалицијата ЛДК-АКР (Алијанса за ново Косово на Беџет Пацоли), на која и се приклучи и новата партија Алтернатива на Мимоза Кусари Лила и Илир Деда. Нивниот кандидат за премиер е Авдулах Хоти од ЛДК, досегашниот министер за финансии.

Движењето Самоопределување на изборите излегува самостојно и нивниот кандидат за премиер е Албин Курти.

На централната изборна комисија листи со кандидати за пратеници во Собранието на Косово и предадоа 26 политички субјекти, од кои 5 коалиции, 19 политички партии и 2 граѓански иницијативи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın