Балкан

„Македонија во НАТО ќе значи нов импулс за безбедноста на регионот"

„Македонија во НАТО ќе значи нов импулс за безбедноста и стабилноста на регионот, кој се покажа како круцијален во зачувување на безбедноста на континентот, особено во периодот на мигрантската криза“, рече министерката Шекеринска

Fatjon Cuka  | 26.07.2017 - Обновена : 27.07.2017
„Македонија во НАТО ќе значи нов импулс за безбедноста на регионот"

Albania

ТИРАНА (АА) - Во официјална посета на Албанија денес престојува министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, која беше примена од страна на министерката за одбрана на Албанија, Мими Кодели. По средбата, двете министерки одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за темите што беа во фокусот на разговорите, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, рече дека со албанската министерката Кодели разговарале за неколку клучни области, како што се соработката во справувањето со ризиците од секаков тип, соработката во борбата против фундаментализмот и справувањето со терористичките закани. Таа посочи дека колку и да е развиена соработката меѓу двете земји, секогаш постои простор за нејзино унапредување.

„Фактите говорат дека не само на билатерално, туку и на регионално ниво, Македонија и Албанија соработувале и реализирале големи проекти. Како на пример, Јадранската повелба, која заедно со Хрватска ја почнавме во регионот на Европа. Македонија во НАТО ќе значи нов импулс за безбедноста и стабилноста на регионот, кој се покажа како круцијален во зачувување на безбедноста на континентот, особено во периодот на мигрантската криза“, рече министерката Шекеринска.

Таа додаде дека Македонија вложува големи напори за да ги отсрани сите забелешки, и оти се надева дека новиот приод на македонската Влада ќе биде препознаен и валоризиран од партнерите, за што, како што рече, потребна е и силна поддршка од блиските соседи и пријатели како што е Албанија.

Од друга страна, министерката за одбрана на Албанија, Мими Кодели, рече дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во НАТО е од витално значење за мирот и стабилноста во регионот. Таа истакна дека процесот на проширување на НАТО е незапирлив процес.

„Албанија силно верува дека иднината на Балканот е евро-атлантската интеграција. Процесот на проширување на НАТО е неделив процес. Целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Северноатлантската алијанса е од витално значење за мирот и стабилноста во регионот. Ние ги цениме и ги охрабруваме напорите и работата на Македонија во областа на одбраната“, рече Кодели.

Според неа, Албанија е подготвена да соработува со новата македонска Влада и додаде дека сега е време да се продолжи со процесите за коишто Македонија има потреба.

„Ние сме подготвени да соработуваме со новата Влада на Македонија за решавање на прашањата и предизвиците со коишто се соочуваат секој ден нашите земји, вклучувајќи ја и потребата за реформи. По периодот на криза и нестабилна ситуација, време е сите политички актери да го создадат моментот продолжување на процесите за кои Македонија има потреба, кои несомнено треба да започнат без одложување“, изјави Кодели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.