Балкан

„Македонија и Бугарија се пример за светот за градење добрососедство“

„Ние како политички ракоовдства кои добивме чест од граѓаните да водиме, испраќаме силна порака во регионот и во светот: Вака се гради пријателство, вака се негува добрососедство“, рече Заев

Besar Ademi  | 23.11.2017 - Обновена : 24.11.2017
„Македонија и Бугарија се пример за светот за градење добрососедство“ (Foto: Besar Ademi / AA)

Skopje

СТРУМИЦА (АА) - Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, по заедничката меѓувладина седница одржана во Стурмица, истакнаа дека овие две земји се пример за регионот, но и за целиот свет, во тоа како се создава добрососедството и како се реализира соработката меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).

Претходно денеска, владите на Македонија и Бугарија одржаа една заедничка седница, по чие завршување минситрите од двете земји потпишаа договори и меморандуми во неколку области од заедничка важност, меѓу кои Договорот за интензивирање на надворешни работи, обука на возачи во областа на одбраната, соработка во случај на катастрофи, договор за отстранување на роамингот, како и други договори во областа на инвестициите, енергетиката, одбраната и туризмот.

Премиерот Заев, заедничката владина седница и потпишаните меморандуми ги нарече како историски, и додаде дека Македонија и Бугарија ги унапредија односите со потпишувањето на Договорот за добрососедство, а со денешната владина седница ги активираа „моторите" кои ќе го влечат целиот регион напред.

„Ние како политички ракоовдства кои добивме чест од граѓаните да водиме, испраќаме силна порака во регионот и во светот: Вака се гради пријателство, вака се негува добрососедство,вака се развива соработка, вака се сакаат своите сограѓани, вака се мисли на домашниот, регионалниот и светскиот мир“ рече Заев.

Премиерот на Република Макеоднија, Заев, нагласи дека добрососедските односи и активната регионална соработка е клуч за трајната стабилност и безбедност во Југоисточната Европа. Тој високо ги оцени заложбите меѓу двете влади за развојот на коридор 8.

На новинарско прашање во врска со отворените прашања меѓу двете земји, премиерот Заев рече: „Навистина преку ова даваме шанса помалку да зборуваме за минатото, минатите слабости, а повеќе да зборуваме за перспективите и иднините. Јас сум убеден дека на тој договор треба да гледаме со радост и за перспективите и знам дека договорот исклучително и единствено го јакне пријателството помеѓу двете земји, двата народи, и убеден сум дека тоа е исклучителна придобивка за сите во Република Македонија.“.

Од друга страна, бугарскиот премиер Борисов укажа на врската меѓу главните градови во регионот на Балканот, што според неговото мислење е нешто, што ќе ги подобри односите и ќе ја унапреди соработката меѓу земјите на Балканот.

„Сега е моментот да се искористи председавањето на Бугарија, потоа Романија и Хрватска, за околу две години не само да се држи во вниманието на нашите колеги во Европа, туку и навистина да оди напред“ вели Борисов.

Борисов ги пофали односите меѓу Македонија и Бугарија и се осврна на развојот на инфраструктурата во земјите на Балканот, со цел да се развијат односите меѓу граѓаните и бизнис заедницата.

Владата на Македонија ја претставуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерите Бујар Османи, Кочо Анѓушев, како и министрите Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Горан Сугаревски, Љупчо Николовски, Дамјан Манчевски, Сухејл Фазлиу, Садула Дураку, Кире Наумов и Драги Рашковски.

Од бугарска страна, покрај премиерот Борисов, на седницата учествуваа и вицепремиерите Томислав Дончев, Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева, министрите Валентин Радев, Николај Нанков, Нено Димов, Румен Порожанов, Ивајло Московско, Емил Караниколов, Теменужна Петкова и Николина Ангелкова.

Пред одржувањето на меѓувладината седница, премиерите на двете земји положија цвеќе на споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, а по заедничката прес-конференција, владините делегации учествуваа на врачувањето на донацијата за Општина Стурмица од страна на Владата на Бугарија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.