Балкан

„Македонија и Црна гора имаат одлична соработка во делот на одбраната"

„Црна Гора секако ќе биде најголемиот промотор на Република Македонија во евроатлантските интеграции, не само поради тоа што Македонија ни е драга земја, туку затоа што сметаме дека тоа е во најдобар интерес на Црна Гора“, истакна Бошковиќ

Admir Fazlagic  | 30.11.2017 - Обновена : 01.12.2017
„Македонија и Црна гора имаат одлична соработка во делот на одбраната" (Foto: Admir Fazlagic/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Денеска во Скопје, министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска се состана со министерот за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, кој престојува во официјална посета на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

По одржаните состаноци, двајцата министри одржаа заедничка прес-конференција во Министерството за одбрана, при што порачаа дека Република Македонија и Црна Гора имаат одлична соработка во делот на одбраната, како и дека Црна Гора ќе биде најголемиот промотор на Македонија во евроатланските интеграции.

Министерката Шекеринска на својот црногорски колега му честиташе за членството на НАТО на оваа земја, истакнувајќи дека Македонија е задоволна што на тој начин како држава имаше можност да види дека политиката на отворени врати продолжува.

„Црна Гора побара членство во НАТО Алијансата по Македонија, но и покрај сите тешкотии, успеа во својата стратешка цел. Тоа е инспирација и за сите нас, и за Македонија, и доказ дека кога стратешката цел е навистина посакувана од сите, кога сме посветени на неа, таа е достижна“, рече Шекеринска.

Таа посочи дека Република Македонија во фокусот на своите интереси го стави членството во НАТО и во ЕУ и порача дека определбата на Владата е да обезбеди целосно исполнување на критерумите, за земјата да стане 30. членка на НАТО, поради што спроведува сериозни реформи.

Министерката Шекеринска рече дека Македонија и Црна Гора имаат одлична билатерална соработка во делот на одбраната, особено во делот на образованието, така што припадниците на двете армии имаат можност да посетуваат различни обуки и да стекнат нови знаења и вештини. Таа додаде дека со црногорскиот министер разговарале и за можностите за соработка во наменската индустрија.

Министерот за одбрана на Црна Гора, Душко Бошковиќ, нагласи дека Македонија и Црна Гора имаат длабоки пријателски и братски врски.

„Црна Гора секако ќе биде најголемиот промотор на Република Македонија во евроатлантските интеграции, не само поради тоа што Македонија ни е драга земја, туку затоа што сметаме дека тоа е во најдобар интерес на Црна Гора. Само стабилен и обединет регион може да биде добра основа за економки раст и развој на целиот регион, што е голема потреба за сите наши граѓани кои живеат во овој регион“, истакна министерот Бошковиќ

Тој изрази уверување дека искуството што во претходните години го стекнала Црна Гора во процесот на зачленување во НАТО, може да биде од голема корист за Македонија и наведе дека денешната посета е само дел од активностите за споделување на тие искуства со колегите од Македонија.

Црногорскиот министер за одбрана додаде дека унапредувањето на соработката меѓу Македонија и Црна Гора може да биде основа за развојот на целокупниот регион.

По средбите во Министерството за одбрана, Шекеринска и Бошковиќ присуствуваа на промоција на питомците во Воената академија во Скопје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.