Балкан

„На бегалците во Македонија секогаш ќе им биде обезбеден хуман третман“

Во моментов во земјава остануваат заглавени околу 130 бегалци, од кои околу 100 се наоѓаат во двата транзитни центра, на северната и јужната граница на земјата, додека околу 30 бегалци бараат азил во Скопје, а живеат во добри услови

Besar Ademi  | 23.02.2017 - Обновена : 24.02.2017
„На бегалците во Македонија секогаш ќе им биде обезбеден хуман третман“

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, Фондот на Обединетите нации за помош на деца (УНИЦЕФ) и Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), во Скопје се одржа работилница со предавања и одговори за хуманитарните потреби за бегалската и мигрантската криза во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

На оваа работилница беше истакнато дека во текот на 2015 година, до март 2016 година, околу 700 илјади бегалци и мигранти ја поминале територијата на Р. Македонија, која е дел од т.н. „Балканска бегалска рута“, за да стасаат до својата крајна дестинација, некоја од европските земји.

Министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими истакна дека Република Македонија е земја што во минатото има доволно искуство со бегалски кризи, но последната со бегалците од Блискиот Исток, додаде тој, е најголемиот и наспецифичниот предизвик досега.

Во врска со бегалците заглавени на територијата на Република Македонија по затворањето на „Балканската рута“, Ибрахими рече дека не се знае што ќе се случи за нивната иднина, но додаде дека за време на нивниот престој во Македонија, оваа земја секогаш ќе им обезбеди хуман третман, вклучувајќи го и нивното образование.

„Во прифатните транзитни центри оние лица кои се вклучени во процесот на образование на лицата да им овозможиме вклучување во образовниот систем со помош на Ла Страда и СОС Детско село, лицата во претшколско образование. На овие лица им се нудат соодветни курсеви за странски јазици, храна од наша страна. Сакаме да им овозможиме што подобро“, посочи Ибрахими, додавајќи дека Македонија помина студена зима, но сепак успеа да се грижи за бегалците на најдобар можен начин.

Од друга страна, заменик-претставничката на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, Елспет Ериксон изјави дека УНИЦЕФ во текот на изминатата година им помогна на повеќе од 120 илјади деца бегалци кои поминале низ Македонија, а во меѓувреме исто така им помага на децата-бегалци кои останаа заглавени по затворањето на „Балканската рута“.

„Мислам дека децата бегалци живеат во многу добри услови за живот. Работевме заедно за да обезбедиме услови децата да се чувствуваат добро во транзитните центри. Она што е потребно за овие деца е чувство на дом и слобода. Образовните центри и различните активности со децата бегалци овозможуваат тие да почувствуваат дека животот продолжува“, изјави Ериксон.

Пред две недели, 49 бегалци од транзитниот центар во Табановце, кој се наоѓа на северната граница на Македонија, беа вратени назад во Грција поради нивниот нелегален влез во земјата.

Во моментов во земјава остануваат заглавени околу 130 бегалци, од кои околу 100 се наоѓаат во двата транзитни центра, на северната и јужната граница на земјата, додека околу 30 бегалци бараат азил во Скопје, а живеат во добри услови. Инаку, 70 проценти од вкупниот број од бегалците во Македонија се деца под 18 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.