Балкан

„Односите со соседите се услов на членство во ЕУ“

Заменик-министерката за надворешни работи на Република Македонија Арта Точи во своето обраќање на дебатата рече дека добрите меѓусоседски односи претставуваат темел на интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија

Bekim Laci  | 29.11.2017 - Обновена : 30.11.2017
„Односите со соседите се услов на членство во ЕУ“

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика и Министерството за надворешни работи на Македонија, во Скопје се одржува тркалезна маса на темата „Местото на З. Балкан во Европската унија: Перспективи за добрососедски односи“ каде учествуваат домашните и странските дипломати, како и претставници на различни влади и организации од земјите членки на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).

Директорот на Институтот за геостратешки истражувања, Абдулкадер Мехмети, на отварањето на дебатата истакна дека неговата цел е да се дискутира за Берлинскиот процес кој го доведе на вистинскиот пат процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Тој нагласи дека особено ќе се дискутира за европската интеграција и добрососедските односи, поконкретно кој постулат од овие две земји ќе треба прво да се исполни.

Од друга страна, заменик-министерката за надворешни работи, Арта Точи во нејзиното обраќање, рече дека добрите меѓусоседски односи претставуваат темел на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.

Таа посочи дека Македонија е посветена на градење добри односи со земјите од регионот, нешто што според нејзините зборови, го докажа со потпишувањето на Договорот за разбирање, добрососедство и соработка со Бугарија.

Точи се осврна и на односите со Грција.

„Политичките односи со Грција бележат голем напредок додека преку процесот на мерки за градење доверба е создадена позитивна клима во нашите односи. Имаме чести средби со нашите колеги, тие се реализираат на сите нивоа. Во контекст на решавањето на најчуствителното прашање на нашите односи сметаме дека и двете страни треба да преземаат чекори за надминување на спорот“ рече Точи.

Пред дебатата, изјава за медиумите даде Флорент Маркарк од австрискиот центар за зближување со седиште во Виена, кој зборуваше за добрата атмосфера што постои во ЕУ за проширување на Западен Балкан, земајќи ја како пример изјавата на еврокомесарот Хан, и рече дека самиот Берлински процес го врати Балканот на агендата на ЕУ, додавајќи дека се уште постои неизвесност во врска со ова прашање, особено од можноста за блокирање со која една земја може да се соочи од земја-членка на ЕУ.

Тој препорача заеднички процес на државите со цел да се лобира посилно во ЕУ и на тој начин да има придобивка и Македонија.

„Името е проблем бидејќи постои една голема асиметрија во преговорите за ова прашање. Тоа што можам да препорачам за да се ублажи оваа асиметрија е еден побаланисран пристап во преговорите, со спроведување на заеднички пристап, бидејќи, доколку некоја земја членка посака да ја блокира одредена земја, тогаш ќе ја блокира целата група на земји кандидати за ЕУ“ смета тој.

Добрите меѓусоседски односи во Европа претставуваат основа за регионална соработка и интеграции во ЕУ. Во контекст на Берлиснкиот процес „Виенската декларација“ за билатералните односи потпишана во 2015 година е нова можност за надминување на пречките во регионот на долг рок, а исто така може да влијае и на спречување на блокирањето во иднина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.