Балкан

Албанија и Турција ја интензивираа соработката во областа на земјоделството

Министерот за исхрана, земјоделство и сточарство на Турција Фарук Челик се осврна на односот на Турција со Европа, оценувајќи дека ЕУ не е искрена и дека се служи со двојни стандарди кога е во прашање тероризмот

Malik Hasa, Fatjon Cuka  | 28.03.2017 - Обновена : 29.03.2017
Албанија и Турција ја интензивираа соработката во областа на земјоделството

Albania

ТИРАНА (AA) - Албанија и Турција денеска во Тирана потпишаа Договор за соработка во областа на земјоделството и акционен план од две години кој ќе има директно влијание на развојот на односите на двете земји во оваа област, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот за земјоделство на Албанија Едмонд Панарити, истакна дека со турскиот колега Фарук Челик, разговарал и за риболовството, област која е стратешки важна за Албанија и за соработката во областа на заштита на животните.

„Разговаравме за безбедноста на храната, како и за обуката на кадрите и зголемување на капацитетите во тој поглед", рече Панарити.

Се разговараше и за системот на наводнување и одводнување во што, наведе Панарити, Турција има долгогодишно искуство кое може да и послужи на Албанија.

Министерот за исхрана, земјоделство и сточарство на Турција Фарук Челик, нагласи дека односите меѓу двете земји се засновани на братство и дека во Албанија дошле заедно со 70 стопанственици од Турција.

„Тие ќе разговараат со своите партнери во Албанија каде ќе ги оценат можните потенцијали за соработка, биддејќи Турција има големо искуство кога станува збор за земјоделство", рече Челик.

Турскиот министер истакна дека разговарале и за прашањето на земјоделска берза во Албанија, која ќе биде дел од договорот предвиден со двогодишниот акционен план.

- Двоструките стандарди на ЕУ

Челик се осврна и на односот на Турција со Европа, оценувајќи дека ЕУ не е искрена и дека се служи со двојни стандарди кога е во прашање тероризмот.

„Тероризмот не можете да го делите на југ, исток и запад. Терорист е терорист. Што прават нашите пријатели? Вршат поделба на терористите. ДЕАШ е терористичка организација, но според кого? Според САД, ЕУ, целиот свет. Зарем ПКК која уби илјадници војници во Турција не е терористичка организација? Тоа е терористичка организација чија мета е Турција. Европа вели 'Мене не ми штетат и затоа не се терористи'. Тогаш и Турција треба да зборува дека не се терористи оние кои им наштетуваат на нив, а не на неа. Ние не правиме така, ние тероризмот го нарекуваме тероризам и сите мораме заедно да се бориме против терористите", рече Челик.

Додаде дека ЕУ мора да биде глобална сила бидејќи вредностите кои тие ги бранат се глобални.

„Меѓутоа, она што го гледаме е дека кренаа раце од глобалните вредности и тоа ќе ги доведе до распад", рече министерот Челик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.