Балкан

Албанија: Отворени гласачките места за парламентарните избори

На овие избори учествуваат 18 политички партии, кои имаат пријавени 2.666 кандидати за пратеници, а во ЦИК нема регистрирани коалиции

Fatjon Cuka  | 25.06.2017 - Обновена : 25.06.2017
Албанија: Отворени гласачките места за парламентарните избори

Tirana

ТИРАНА (АА) – Во Албанија утрово се отворени гласачките места за парламентарните избори, според распоредот закажан од Централната изборна комисија (ЦИК), јавува Anadolu Agency (AA).

Околу седум часот гласачките места се отворија речиси низ целата земја.

На овие избори учествуваат 18 политички партии, кои имаат пријавени 2.666 кандидати за пратеници, а во ЦИК нема регистрирани коалиции.

Според официјалните податоци на ЦИК, на целата територија право на глас имаат 3 452 260 Албанци кои се регистрирани за гласање на 5362 избирачки места. Граѓаните имаат право да гласаат за 140 пратеници во новиот законодавен дом на Албанија.

Парламентарните избори ќе бидат следени од 5351 набљудувачи, од кои 896 се од меѓународните мисии за набљудување.

Албанската Социјалистичка партија, предводена од премиерот Еди Рама, е главната партија на актуелната коалициска влада, која е во потрага за втор мандат со кандидатот за премиер Рама.

Од друга страна, кандидат за премиер од Демократската партија на Албанија, најголемата опозициска партија, е нејзиниот лидер, Љуљзим Баша.

Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), порано предводено од претседателот на Собранието Илир Мета и во моментов од Петрит Васили, поранешен министер за правда, кој исто така е кандидат за премиер на партијата, изрази амбиции да стане прва сила на изборите, додека Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ) не претстави ниту еден кандидат за премиер за време на изборната кампања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın