Балкан

Американскиот сенат го ратификуваше Протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО

САД станаа 27. членка што го ратификуваше Протоколот за пристапување на Црна Гора во оваа организација. Остана овој документ да го ратификува уште шпанскиот Парламент. Се очекува процедурата во Шпанија да се заврши до крајот на наредната недела

Adel Ömeragiç  | 29.03.2017 - Обновена : 30.03.2017
Американскиот сенат го ратификуваше Протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО

Montenegro

ПОДГОРИЦА (AA) - Американскиот Сенат синоќа го ратификуваше Протоколот за членство на Црна Гора во НАТО. За ратификација на Протоколот гласаа 97 сенатори, а двајца беа против, јавува Anadolu Agency (AA).

Откако Сенатот го поддржа Протоколот, и американскиот претседател Доналд Трамп треба да стави свој потпис за одобрување во име на САД, за Црна Гора да стане дел од Алијансата.

Соединетите Американски Држави станаа 27. членка што го ратификуваше Протоколот за пристапување на Црна Гора во оваа организација. Остана овој документ да го ратификува уште шпанскиот Парламент. Се очекува процедурата во Шпанија да се заврши до крајот на наредната недела.

Откако сите членки ќе го завршат процесот на ратификација, потребно е и црногорскиот Парламент да го усвои овој документ, со што Црна Гора и формално станува нова членка на НАТО.

Официјалното прогласување на Црна Гора, како 29. членка на НАТО, се очекува на Самитот во Брисел што ќе се одржи во мај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın