Балкан

Арифи: Оваа недела нема да има продолжение на дијалогот меѓу Косово и Србија

Шефот за преговори со Србија пред Владата на Косово, Авни Арифи, потсети дека денешниот состанок на делегациите на Косово и Србија е откажан поради убиството на Ивановиќ

Sibel Vezaj  | 16.01.2018 - Обновена : 17.01.2018
Арифи: Оваа недела нема да има продолжение на дијалогот меѓу Косово и Србија

Pristina

ПРИШТИНА (АА) - Шефот за преговорите со Србија во Владата на Косово, Авни Арифи, за Anadolu Agency (AA) потврди дека делегациите на Косово и Србија нема да се состанат оваа недела во Брисел.

Арифи потсети дека денешниот состанок на делегациите на Косово и Србија е откажан поради убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ во северниот дел на Митровица.

„Ние денеска во 10 часот требаше да одржиме состанок со српската делегација, но поради случајот кој се случи во северниот дел, делегацијата на Србија прво го откажа состанокот, а потоа одлучија да се вратат во Белград, така што оваа недела нема да биде продолжен дијалогот помеѓу Косово и Србија“, рече Арифи.

Тој истакна дека во текот на денешниот дијалог со Србија требало да се разговара за бројни договори како оној за енергетика, правосудството и Заедницата на општини со мнозинско српско население.

По повод убиството на Ивановиќ се огласи и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, оценувајќи дека случајот не треба да го блокира дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

„Злоупотребувањето на ова трагично дело во цели на дневната политика, дури и за блокирање на процесите кои имаат за цел да ги нормализираат односите помеѓу Белград и Приштина, се противи со логиката и духот за соработка“, напиша Харадинај на својот Фејсбук профил. 

Истакна дека Косово останува посветено на создавање сигурно опкружување за сите граѓани и дека косовските институции ќе направат сѐ случајот со убиството на Ивановиќ да се расветли што побрзо.

Потсетуваме дека српската делегација го напушти техничкиот дијалог со Приштина во Брисел и дека се враќа во земјата поради убиството на Оливер Ивановиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın