Балкан

Бугарија најуспешна на 34. Балканска математичка олимпијада која се одржа во Охрид

Од вкупно 116 учесници и гости-учесници, од 20 различни држави, кои беа дел од тимовите, 72 добија медали ,а осум пофалници. Беа поделени девет златни медали, 19 сребрени и 44 бронзени медали

Miki Trajkovski  | 07.05.2017 - Обновена : 07.05.2017
Бугарија најуспешна на 34. Балканска математичка олимпијада која се одржа во Охрид (Foto: Miki Trajkovski/AA)

Ohrid

ОХРИД (АА) - Со доделување на наградите на најдобите учесници во Охрид заврши 34-та по ред Балканска математичка олимпијада, јавува Anadolu Agency (AA).

Од вкупно 116 учесници и гости-учесници, од 20 различни држави, кои беа дел од тимовите, 72 добија медали ,а осум пофалници. Беа поделени девет златни медали, 19 сребрени и 44 бронзени медали.Според освоените поени најуспешна беше екипата на Бугарија која освои и најмногу златни медали вкупно четири, втора е Србија, а трета е екипата на Романија.

За многу од учесниците, учеството на оваа математичка олимпјада било исполнување на нивниот сон да ја претставуваат својата држава на голем меѓународен натпревар.

„Овој медал е резултат на еден вложен голем труд. Премногу сум радосен што ја освоив и поради тоа се надевам на поголем успех особено на светската олимпијада која во јули ќе се одржи во Рио Де Женеиро во Бразил“, изјави Никола Даневски, од Македонија, кој освои бронзен медал.

„Златниот медал за мене значи многу како потврда на знаењето.Се подготвував многу за оваа олимпијада, добро работевме како тим.Се надевам дека во иднина ќе учествува на следниот меѓународен натпревар“, рече Игор Медведев од Србија, добитник на златен медал.

„Ова ми е исполнување на една цел која ја имав зацртано одамна и чувството е големо.Ова е само поттик за мене да продолжам и понатаму да се натпреварувам“, изјави Стефан Јурошевиќ добитник на бронзен медал од Босна и Херцеговина.

Својата радост за освоен сребрен медал со освоени 33 поени ја сподели и Илкер Џанџиџек од Турција.

„Мислам дека одлично ја претставував мојата држава Турција на овој одличен натпревар и поради тоа сум многу среќен сега“, Илкер Џанџиџек од Турција, кој освои сребрен медал.

Од Сојузот на математичари на Македонија, кои се организатори на Балканската математичка олимпијада, велат дека се задоволни од текот на одржувањето на целата олимпијада и оти ова било добра можност за прзентација на Македонија и Охрид во светски рамки.

Покрај тимовите на Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Молдавија, Романија, Србија, Турција и од Црна Гора, на 34. Балканска математичка олимпијада учествуваа и уште осум други држави Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Саудиска Арабија, Катар, Велика Британија, Италија и од Туркменистан.

Настанот се одржа од 3 до 6 мај во Охрид.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.