Балкан

Весели – Заев: Меѓудржавната соработка повеќе да се продлабочи во иднина

Весели и Заев укажале на потребата за решавање на заедничките предизвици на Косово и на Македонија, оценувајќи ги нив како две независни и суверени соседни земји коишто ги обединуваат многу работи

Sibel Vezaj  | 12.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Весели – Заев: Меѓудржавната соработка повеќе да се продлабочи во иднина (Foto: Erkin Keci/AA)

Pristina

ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Владата на Република Зоран Заев којшто престојува во официјална посета на Косово, се состана со претседателот на Парламентот на косовскиот Парламент, Кадри Весели, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Парламентот на Косово, се наведува дека за време на средбата којашто беше затворена за медиумите, Весели и Заев разговарале околу официјалните односи изградени на сите нивоа на институционалната соработка меѓу Приштина и Скопје, и истакнале дека оваа соработка меѓу двете земји служи на мирот, безбедноста и демократизацијата на регионот.

Според соопштението, Весели и Заев изразиле посветеност кон тоа меѓудржавната соработка повеќе да се продлабочува во иднина, во духот на заедничката евро-атлантска ориентација, нарекувајќи го овој пат единствен за иднината на регионот.

Весели и Заев укажале на потребата за решавање на заедничките предизвици на Косово и на Македонија, оценувајќи ги нив како две независни и суверени соседни земји коишто ги обединуваат многу работи.

Весели истакна дека Косово ја следи политиката на добрососедство и меѓусебна соработка, како единствен пат за реализирање на заедничките евро-атлантски цели и за да се обезбеди слободно движење на луѓето, стоките и на заедничките инвестиции во регионот.

Тој потсети дека Косово е кон крајот на финализирање на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува Приштина и Скопје, и кој ќе го олесни движењето на граѓаните и трговските услуги.

Од друга страна, премиерот Зоран Заев вети дека Владата на Македонија во брзо време ќе го започне делот на автопатот од Скопје до граничниот премин со Косово.

Во рамките на посетата на Косово, премиерот Заев денес се состана со својот косовски колега Рамуш Харадинај. Тој во текот не денешниот ден ќе се сретне и со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.