Балкан

Виорика Данцила - првата жена мандатар во Романија

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, на местото на Михаи Тудосе кој поднесе оставка, за нова премиерка на Романија ја именуваше претставничката на владејачката Социјалдемократска партија Виорика Данцила

Ekip  | 18.01.2018 - Обновена : 18.01.2018
Виорика Данцила - првата жена мандатар во Романија

Ankara

БУКУРЕШТ (АА) - Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, на местото на Михаи Тудосе кој поднесе оставка, за нова премиерка на Романија ја именуваше претставничката на владејачката Социјалдемократска партија Виорика Данцила, членка на Европскиот парламент, јавува Anadolu Agency (AA).

По состанокот на Комитетот на националното раководство на Социјалдемократската партија, Михаи Тудосе поднесе оставка, а на негово место е поставена Данцила.

За период од седум месеци, Социјалдемократската партија го избира својот трет претставник, Виорика Данцила, а нејзината функција е одобрена и од страна на претседателот Јоханис.

Клаус Јоханис на прес-конференцијата во палатата „Контрочени“ изјави: „Слушнав многу мислења за формирање на новата влада, и назначувањето на новиот премиер. Денеска ги слушнав и мислењата на политичарите. Конечната одлука ја донесов следејќи ги и коментарите на граѓаните на социјалните мрежи овие два дена”.

„Откако ги ислушав сите мислења, донесов одлука да ѝ дадам уште една шанса на Социјалдемократската партија и кандидатот на оваа партија. Но, сега е потребно Социјалдемократската партија да покаже добар перформанс. Народот на Романија има големи очекувања”, рече претседателот Јоханис.

Премиерката Данцила во истовреме ја доби и титулата „прва жена премиер” на Романија. Виорика Данцила од 2015 година досега ја извршува функцијата претседател на унијата на жени на Социјалдемократската партија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.