Балкан

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на европратеникот Вајгл

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагираше на изјавата на европратеникот Иво Вајгл во која тој рече:„Најкарактеристична е сепак, една изјава која ни ја даде Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе инсистира до крај, дека не му се оди во затвор"

Admir Fazlagic  | 25.03.2017 - Обновена : 26.03.2017
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на европратеникот Вајгл

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска преку писмено соопштение реагираше на изјавата на европратеникот Иво Вајгл во која тој рече: „Најкарактеристична е сепак, една изјава која ни ја даде Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе инсистира до крај, дека не му се оди во затвор", пренесува Anadolu Agency (AA).

„Најостро демантираме дека Претседателот Никола Груевски дал изјава каква што Иво Вајгл пренесува преку медиумите", се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, во која се наведува дека доколку Вајгл дал ваква изјава „долева масло на огнот во актуелната политичка криза."

„Со ваквите малициозни дезинформации, доколку воопшто ги дал Иво Вајгл, тој служејќи на нечии интереси само долева масло на огнот во актуелната политичка криза, наместо јавно да ја осуди Тиранската платформа и мешањето на соседни држави во внатрешните работи на Република Македонија", пишува во реакцијата.

Се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ очекува европратеникот Вајгл или да се огради од невистините и да ги демантира како негова изјава доколку не ги кажал, или да се извини за како што велат, „политичките манипулации со кои што ја доведува јавноста во заблуда заради остварување на нечии агенди."

Европратеникот Иво Вајгл, вчера во разговор за Anadolu Agency (AA) рече дека состојбата во Македонија е многу сериозна, но дека сепак, сеуште не е крајно алармантна.

Оние кои треба да формираат влада, вели Вајгл, допуштија претседател на Собранието да биде избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, така што тоа е некој гест на толеранција.

„Тие го имаат мнозинството, сепак таа функција ја дадода на претседателот на Собранието на ВМРО. Најкарактеристична е, сепак, една изјава која ни ја даде Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе инсистира до крај, дека не му се оди во затвор. Ако тоа е мотивот на се, тогаш значи дека уште долго нема да има компромис", наведе Вајгл во разговорот.

Европратеникот Вајгл истакна дека и самиот апелирал во Скопје и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, но и на претседателот на СДСМ, да се состанат.

„Им реков да се состанат и Заев (Зоран) и Груевски во четири очи и чесно да се договорат за тоа каде ја водат земјата", порача европратеникот Иво Вајгл.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.