Балкан

Во операција против дрога во Албанија запленети околу 1 тон канабис

Во денешното соопштение, Генералната дирекција на албанската полиција потврди дека операцијата против дрогата, која започнала во текот на ноќните часови, продолжува да се одвива на море и на копно

Fatjon Cuka  | 20.09.2017 - Обновена : 21.09.2017
Во операција против дрога во Албанија запленети околу 1 тон канабис

Tirana

ТИРАНА (АА) - Полицијата на Албанија заплени еден тон канабис сатива во операција за сузбивање на трговијата со дрога, при што две лица беа притворени, јавува Anadolu Agency (АА).

Во денешното соопштение, Генералната дирекција на албанската полиција потврди дека операцијата против дрогата, која започнала во текот на ноќните часови, продолжува да се одвива на море и на копно.

„Операцијата ја спроведува Граничната полиција на Валона, Делта Форца, Гвардија ди Финанца, при што беше запленет околу 1 тон канабис сатива. Возачите на глисерите ги фрлаа наркотиците во морето, меѓутоа околу 90 големи пакети беа запленети од страна на полицијата“, се вели во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın