Балкан

Во Охрид одбележан Денот на Балканските Египќани

Министерот Алаѓозоски кој присуствуваше на настанот порача дека новите културни политики на владата ќе дејствуваат во правец на децентрализација на културата и унапредување на културниот идентитет и на помалите заедници

Miki Trajkovski  | 24.06.2017 - Обновена : 25.06.2017
Во Охрид одбележан Денот на Балканските Египќани (Foto: Miki Trajkovski/AA)

Ohrid

ОХРИД (АА) - Во Охрид денес беше одбележан 24- ту јуни меѓународниот ден на Балканските еѓипќани. Настанот помина со свечена програма на која присуствуваа претставници на Владата на Република Македонија, пратеници од Собранието на Република Македонија, како и функционери од регионот, јавува Anadolu Agency (AA).

На настанот, беше прикажан документарниот филм „Балкански Египќани“ , при што се прикажува животот, културата и културното наследство, како и движењето за заштита на идентитетот на Балканските Египќани.

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозоски кој присуствуваше на настанот порача дека новите културни политики на владата ќе дејствуваат во правец на децентрализација на културата и унапредување на културниот идентитет и на помалите заедници.

„Наша недвосмислена определба е да градиме едно општество за сите што подразбира еднаквост на правата и можностите на сите заедници.Во областа на културата новите културни политики ќе дејствуваат во правец на децентрализација на културата, развивање на можности таа да допре до секој граѓанин без оглед на припадноста и местото на живеење како и создавање на нови можности за развивање и унапредување на културата на сите заедници со особена грижа кон оние заедници кои подолго време беа заборавени“,рече Алаѓазовски.

Рубин Земон, почесен претседател на Сојузот на Балканските Египќани рече дека состојбата со заедницата на Еѓипќаните во Македонија е на најниско ниво во однос на останатите држави на Балканот.

„Иако во Македонија почна целиот процес на будење на политичката свест и движењето на еѓипќаните можеме да кажеме дека од сите балкански држави во Македонија тие се на нај долното ниво. Во Косово имаме пратеник, а имаме и заменик министер. Во Албанија пред неколку месеци се донесе предлог закон во Собранието со што еѓипќаните стануваат дел од заштитата на малцинства. Во Србија и Црна Гора постои закон каде се формираат т.н совети на националните малцинства.И таму Египќаите се под заштита“, рече Земон, додавајќи дека од новата влада на Македонија очекуваат да бидат ставени во преамбулата на Уставот и да ги уживаат правата што ги уживаат оние заедници кои сега се дел од преамбулата на Уставот.

Земон посочи дека етнографски, 4500 граѓани во Македонија се изјасниле како еѓипќани, додека според нивните етнографски истражувања во Македонија има околу 25 000 Египќани.

На Балканот вели живеат повеќе од еден милион Египќани од кои најголемиот број во Грција околу 500000 и Албанија со околу 350000.

Заменик министерот за јавна администрација во Владата на Косово, Мустаф Муртаи кој беше присутен на настанот рече дека се задоволни од текот на интеграција на Египќаните на Косово.

„Она што ние го имаме како официјални податоци е дека бројот на еѓипќани е 14000 на Косово, но има голем број на припадници од заедницата кои се декларираат како Албанци и од другите етнички заедници", рече Муртаи.

Според неговите зборови, состојбата на заедницата на Балканските Египќани е добра. Тој рече дека Египќаните се интегрирани внатре во институциите на системот, имаат пратеник во Собранието на Косово, а тој е заменик министер во владата на Косово.

Како што кажа косовскиот заменик министер Миртаи, во Косово акцентот го ставаат на младите и образованието и вклучувањето во институциите во системот..

Денес движењето на Балканските Еѓипќани, освен во Македонија, Косово и Албанија има организации и во Црна Гора, Србија, Германија, Швајцарија, Шведска, Белгија и Холандија.

Одлуката 24. јуни да се одбележува како ден на Балканските Еѓипќани беше донесена на вториот конгрес што се одржа во Струга во 2010 година.

Во Косово овој ден е влезен и во служениот календар на празници и неработни денови.

Инаку со прогласувањето на Уставот на Косово во 2007 година, Египќаните се споменуваат во нивниот Устав, а со законите на Србија и Црна Гора основани се т.н Национални совети на националната заедница на Еѓипќаните преку кои Србија и Црна Гора ги ставија под заштита.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.