Балкан

Во Приштина отворена изложбата со фотографии на АА од „15. јули“

За време на својот говор, амбасадорката Килич ја истакна важноста на оваа изложба за да се покаже суровоста на ноќта и да се покаже дека демократијата има вредност за која се жртвува и животот

Sibel Vezaj  | 10.07.2017 - Обновена : 11.07.2017
Во Приштина отворена изложбата со фотографии на АА од „15. јули“

Pristina

ПРИШТИНА (АА) – Во рамките на активностите кои ќе бидат организирани по повод првата годишнина од обидот за државен удар во Турција, Амбасадата на Република Турција во Приштина и Институтот „Јунус Емре" во Приштина денеска ја отворија изложбата на фотографии насловена „Меморијален ден 15 јули, денот на демократијата и на националното единство" со фотографии од Anadolu Agency (AA) за време на неуспешниот обид за државен удар.

На церемонијата на отворањето на изложбата во центарот на Институтот„Јунус Емре" во Приштина присуствуваше турската амбасадорка во Приштина, Кивилџим Килич, градоначалникот на Мамуша, Ариф Бутуч, директорот на Институтот „Јунус Емре" во Приштина, Мехмет Улкер, координаторот на Турската агенција за координација и соработка - ТИКА во Приштина Хасан Бурак Џеран, претставници на турски органиазции во Косово и претставници на КФОР во оваа земја, како и бројни гости. На изложбата се изложуваат 40 фотографии на АА од ноќта на неуспешниот обид за државен удар во Турција.

Учесниците најпрво одржаа едноминутен молк во чест на загинатите во текот на обидот на неуспешниот државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО, а потоа имаа можност да гледаат краток филм во врска со ноќта на 15 јули.

За време на својот говор, амбасадорката Килич ја истакна важноста на оваа изложба за да се покаже суровоста на ноќта и да се покаже дека демократијата има вредност за која се жртвува и животот.

„Нашиот парламент беше бомбардиран, невини цивили беа масакрирани во улиците од тенкови, авиони, хеликоптери и секој вид на оружје на армијата. Во нашата историја ние доживеавме вакво кривично дело. Но, имаше една работа која тие не ја зедоа в предвид: храброста, мудроста и решеноста на турската нација. Турските граѓани од сите политички ставови излегоа пред танковите жртвувајќи се себеси, покажаа отпор барајќи ги нивните демократски права и покажа историска солидарност", рече Килич.

Истакнувајќи дека 15 јули е победата на турската демократија, Килич рече дека „Турција ги остави зад себе тие тешки денови. Турција денес го продолжува својот развој и понатаму зајакнувајќи ја својата посветеност на демократијата, владеењето на правото, човековите права и основните слободи. И од тој ден се покажува и ќе продолжи да се покажува голем напор на нашиот народ за демократија во земјата.“

Изложбата, која ќе биде отворена до 21 јули, утре ќе бидат отворена и во Институтот „Јунус Емре" во Призрен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.