Балкан

Волстром: Косово мора да ги исполни условите за визна либерализација

Шефицата на шведската дипломатија го изрази своето верување дека иднината на Косово е ЕУ и им порача на косовските политичари да ги исполнат преостанатите услови за визна либерализација

Zülfiya Yakup  | 04.05.2017 - Обновена : 05.05.2017
Волстром: Косово мора да ги исполни условите за визна либерализација

Pristina

ПРИШТИНА (АА) - Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај денеска разговараше со својата шведска колешка, Маргот Волстром, која е во официјална посета на Косово, порачувајќи им на косовските политичари да ги исполнат преостанатите услови за визна либерализација, јавува Anadolu Agency (AA).

По состанокот, двајцата министри одржаа заедничка прес-конференција за медиумите, на која шефицата на шведскат дипломатија изјави дека се одлични билатералните односи меѓу двете земји и дека Шведска е една од најголемите донатори на Косово. Изразувајќи го верувањето дека иднината на Косово е ЕУ, Волстром им порача на косовските политичари да ги исполнат преостанатите услови за визна либерализација, да ја продолжат борбата против организираниот криминал и корупција и да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

„Ве охрабруваме за подобар дијалот на власта и опозицијата, што е важно за иднината на земјата и регионот. Знам колку е важна визната либерализација за Косово, особено земајќи во предвид дека Косово има многу малобројно население”, рече Волстром.

Волстром збоување и за важноста на дијалогот меѓу Косово и Србија, кој се води со посредство на ЕУ и Брисел.

„Процесот на дијалог со Србија е многу важен за вас, како и подготовка на статут на заедници на општини со мнозинско српско население и расформирање на паралелните структури, што ќе биде уште еден чекор кон интеграцијата на српската заедница во косовските стуктури и институции. Потребно е да ги почитуваме правата на малцинствата, што е фундаментално правило на секое демократско општество”, изјави министерката Волстром.

Министерот Енвер Хоџај упати критики поради настаната ситуација во врска со визната либерализација.

„Не мислев дека по пет години, во периодот од 2012 година до 2017 година, ќе имаме ситуација да се соочиме со блокада на визна либерализација поради немањето можност да донесеме одлука во Собранието на Косово. Одлуката е на Собранието на Косово и ова е неподнослива ситуација, така да е време на вложиме напори на ова тема да и се даде правец”, рече Хоџај.

Тој истакна дека дијалогот со Србија ќе биде продолжен.

„И на состанокот со Могерини и Волстром, го поставив прашањето како да преминеме во нова фаза од дијалогот, која би требало да го поддржи членството на Косово во Обединетите нации. Би требало да го поддржи Косово и да се постигне взаемно признавање со Србија, како и долг процес на помирување. Паралелно со тоа, ние мораме да ги спроведуваме постигнатите договори”, нагласи шефот на косовската дипломатија Хоџај.

Министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Волстром денеска имаше одделни средби и со претседателот на Косово, Хашим Тачи и косовскиот премиер, Иса Мустафа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.