Балкан

Вучиќ: Нема шанси со Приштина да разговараме за признавањето на Косово

Вучиќ изјави дека со приштинската страна сигурно нема да разговара за признавањето на независноста на Косово ниту за повлекувањето на потерниците...

Andelija Stojkovic  | 24.01.2017 - Обновена : 24.01.2017
Вучиќ: Нема шанси со Приштина да разговараме за признавањето на Косово

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска дека е очигледно оти Приштина не сака продолжување на дијалогот, како и тоа дека признавањето на Косово сигурно нема да биде тема на средбата во Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).

Вучиќ изјави дека со приштинската страна сигурно нема да разговара за признавањето на независноста на Косово или за повлекувањето на потерниците за поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово, што Приштина објави дека ќе го бара.

„Ние одиме на отворен разговор, но да разговараме за признавањето на Косово и за тоа дека е дозволено военото злосторство, тој филм нема да го гледате. За тоа нема да разговарам“, рече Вучиќ, додавајќи дека поважна тема е употребата на оружјето и орудијето на северот од Косово.

Запрашан што би рекол доколку приштинската страна инсистира на тоа, Вучиќ изјави дека ќе им каже да испијат уште едно кафе и да се полијат со вода па да се вратат да разговараат за, како што рече, сериозни теми.

Тој истакна дека не се плаши на најавите на Приштина.

„Слушнав одредени најави ,Ние вечерва ќе им кажеме на Србите', кога и да се таму (во Брисел) никогаш ништо не ми имаат кажано“, рече Вучиќ.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи вечерва на инсистирање на Европската Унија, по тензиите меѓу двете страни во врска со испраќањето на возот за Косовска Митровица на кој пишуваше „ Косово е Србија“ и спречување на неговото влегување во Косово и распоредувањето на единиците Росу во северниот дел на територијата.

Делегацијата од Белград ќе ја претставува претседателот и премиерот на Србија, Томислав Николиќ и Александар Вучиќ, додека Приштина ќе ја претставува претседателот и премиерот на Косово, Хашим Тачи и Иса Мустафа. Тачи истакна дека од Србија на преговорите ќе бара да ја признае независноста на Косово и да ги повлече потерниците распишани за косовски јавни личности.

Опозицијата на Косово бара прекин на дијалогот меѓу Белград и Приштина, бидејќи го гледа како понижување на албанската страна.

Претставниците на делегациите вечерва од 19 часот во Брисел прво ќе одржат одделни средби со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, а потоа ќе одржат меѓусебни состаноци.

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, последен пат присуствуваше на дијалогот во 2013 година.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.