Балкан

Градоначалникот Трајановски даде отчет за сработеното во изминатите четири години

Според него, изминатите четири години беа успешни за Градот Скопје бидејќи беа реализирани голем број капитални проекти во сите 10 општини на територијата на градот

Ivana Ramadanova  | 21.08.2017 - Обновена : 22.08.2017
Градоначалникот Трајановски даде отчет за сработеното во изминатите четири години Ivana Ramadanova/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска одржа прес-конференција на којашто даде отчет за реализираните проекти за време на неговиот четиригодишен мандат, јавува Anadolu Agency (AA).

Според него, изминатите четири години беа успешни за Градот Скопје бидејќи беа реализирани голем број капитални проекти во сите 10 општини на територијата на градот, со коишто значително се подобрил квалитетот на животот на жителите.

„Како дел од проектите што ги реализиравме во овие четири години спаѓа проширувањето на булеварите, реконструкција на сите средни училишта во Скопје, вкупно 21, и изградени се две нови, во општините Сарај и во Шуто Оризари; изградени се велосипедски патеки во должина од 51 километар, реализирани се квалитетни културни и спортски манифестации. Во овие четири години, засадени се 256.000 листопадни дрвја и зимзелени садници, а подигнати се 330.000 квадратни метри нови зелени површини. Субвенционирани се 405 граѓани за набавка на печки на пелети и 2.600 граѓани за купување велосипеди“, соопшти Трајановски.

Градоначалникот Трајановски информира дека со ЈП „Водовод и канализација“ изградиле 82 километри водоводна мрежа, 40 километри фекална канализација и околу 30 километри атмосферска канализација.

„Во јавниот автобуски превоз направивме голем напредок, со тоа што воведовме електронска картичка за плаќање. Многу е значајно што ги интегриравме приватните автобуси во единствениот јавен автобуски сообраќај во Град Скопје и сега граѓаните немаат дилема дали ќе се возат во приватни или во автобуси од ЈСП“, рече Трајановски.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.