Балкан

Грчка полиција потврди за АА: Приведени двајца полициски службеници од Македонија

Според информациите добиени од страна на грчката полиција за AA, 51 и 35 годишните двајца полицајци кои се бараат од страна на Македонија со црвена листа на Интерпол, се фатени на Меѓународниот аеродром "Македонија" во Солун

Furkan Naci Top  | 19.10.2017 - Обновена : 19.10.2017
Грчка полиција потврди за АА: Приведени двајца полициски службеници од Македонија

Atina

АТИНА (АА) - Двајцата полициски службеници од Македонија кои се наоѓаат на црвената листа на барани лица, се фатени во грчкиот град Солун потврди за Anadolu Agency (AA) грчката полиција.

Според информациите добиени од страна на грчката полиција за AA, двајцата 51 и 35 годишните полициски службеници кои се бараат од страна на Македонија со црвена листа на Интерпол, се фатени на Меѓународниот аеродром "Македонија" во Солун.

Според соопштеното, полицајците кои се бараат поради кривичните дела илегално прислушување и учество во криминална група, се приведени во Полициската дирекција во Солун поради носење фалсификувани документи.

Од друга страна, македонските медиуми соопштија дека Горан Грујевски и Никола Бошковски, двајцата поранешни началници во МВР, кои од СЈО се обвинети во предметот „Тврдина“ вечерва се уапсени во Солун, Грција.

Грујевски и Бошковски повеќе од месец дена се во бегство откако Кривичниот суд Скопје 1 им одреди мерка притвор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın