политика, Балкан

ДИК отфрли седум приговори на БЕСА, се одлучува по преговорите од СДСМ

Од друга страна, повеќе поддржувачи на партијата ВМРО-ДПМНЕ вечерва повторно се собраа пред зградата на Државната изборна комисија каде се одржува седница за поднесените приговори од партиите СДСМ и БЕСА

Ivana Ramadanova, Admir Fazlagikj  | 16.12.2016 - Обновена : 16.12.2016
ДИК отфрли седум приговори на БЕСА, се одлучува по преговорите од СДСМ

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа јавна седница, на која одлучуваше по поднесените приговори на СДСМ и Беса за текот на гласањето и броењето на гласовите, јавува Anadolu Agency (AA).

Како единствена точка на дневниот ред беше разгледувањето и одлучувањето по приговорите поднесени од подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието, а кои се однесуваат на постапката за гласање и на постапката за сумирање и за утврдување на резултатите.

Приговорите на Беса се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Гази Баба и Липково, додека оние на СДСМ за избирачки места во шестата изборна единица.

Како причини за поднесените приговори од страната на партијата Беса, овластениот претсавник Блерим Сејдиу ги напомена вршењето притисoк нa глaсaчи, нoсење луѓе дo пaрaвaн иaкo биле целoснo спoсoбни, неoвлaстени лицa кои се движеле нa глaсaчкoтo местo.

Членовите на Државната изборна комисија гласаше против седум од осум преговори на Беса кои беа одбиени.

Како причини за одбивањето беше наведено дека за приговорите немало докази, навреме не се поднесени приговори до ДИК на денот на изборите, а овластените претставници на партиите што биле на избирачкото место го потпишале записникот.

Во врска со осмиот приговор на партијата БЕСА, Комисијата се согласи да се донесе избирачката кутија и да се повикаат членови на избирачкиот одбор и претседателот за да одлучат што понатаму ќе прават. Овој приговор се однесува на шестата Изборна единица за гласачко место во Гостивар, каде според БЕСА, еден граѓанин кога дошол да гласа не можел, оти веќе некој друг гласал во негово име.

Во моментот се одлучува по осумте преговори поднесени од страна на коалицијата предводена на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. До сега Државната изборна комисија одби два, а за два треба дополнително да се утврдува.

Од друга страна, повеќе поддржувачи на партијата ВМРО-ДПМНЕ вечерва повторно се собраа пред зградата на Државната изборна комисија каде се одржува седница за поднесените приговори од партиите СДСМ и БЕСА.

Тие бараат да од ДИК да ја признае победата на ВМРО-ДПМНЕ и да се стави крај на двегодишната длабока политичка криза.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın