Балкан

Димитров: Естонија е голем поддржувач на Македонија на патот на евроинтеграциите

„Естонија отсекогаш била еден од нашите големи поддржувачи и се обидов да го убедам заменикот министер дека има доволно аргуементи тоа и да продолжи", изјави Димитров

Besar Ademi  | 19.07.2017 - Обновена : 20.07.2017
Димитров: Естонија е голем поддржувач на Македонија на патот на евроинтеграциите (Foto: Besar Ademi/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров се состана со заменик министерот за надворешни работи одговорен за европски прашања на Естонија, Матти Маасикас, со кој разговараа за политиките за проширување на Европската унија (ЕУ) и за евроинтегративниот процес на Македонија, по повод председавањето на естонското претседателство со Советот на Европската унија, јавува Anadolu AGency (AA)

По средбата одржана во просториите на Министерството за надворешни работи на Македонија, министерот Димитров истакна дека заменик министерот на Естонија на средбата го информирал за агендата на новата влада на Македонија на европатлантските аспирации на земјата. Димитров додаде дека на средбата било истакнато дека добрите соседски односи ќе допринесат за евроинтегративниот пат на земјите од регионот.

„Естонија отсекогаш била еден од нашите големи поддржувачи и се обидов да го убедам заменикот министер дека има доволно аргуементи тоа и да продолжи. Задоволни сме што во еден момент на ново поглавје и на нова надеж и нови напори да го отвориме европскиот пат на нашата земја имаме претседателство што благонаклоно гледа кон оваа политика, како една политика на проширување на Унијата, како една од најсилните алатки што Европа ја има за да помогне во трансформација на нашето општество во нашиот регион, да бидат европски демократии во кои ќе владее правото“, рече Димитров.

Од друга страна, заменик министерот Маасикас нагласи дека освен спроведувањето на итните реформски приоритети во кои, според него, треба да се вклучи и опозицијата, за интеграција на земјите од Западен Балкан е значајно да се има што повеќе пријателските земји.

„Од нашиот разговор јас бев задоволен од решеноста на Владата на Македонија во спроведувањето на реформите. Се што министерот говореше во однос надипломатија на стекнување и повторно градење пријателства, е значајно за целиот регион, но и за вашата земја“ изјави Маасикас.

По средбата со министерот Димитров, Матти Маасикас ќе одржи средби и со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, додека во текот на утрешниот ден ќе се состане со вицепремиерот на Македонија одговорен за европски прашања, Бујар Османи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.