политика, Балкан

Димитров се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со средбата со министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров ја започна официјална посета на Република Македонија

Admir Fazlagic  | 18.01.2018 - Обновена : 18.01.2018
Димитров се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг Admir Fazlagic/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во рамки на неговата прва официјална посета на Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што соопштуваат од МИнистерството за надворешни работи на Република Македонија, министерот Димитров нагласил дека посетата на генералниот секретар на НАТО е од круцијално значење за Република Македонија и претставува силно охрабрување за нашите напори 2018 година да биде историска година за земјата како и за регионот.

Димитров изразил голема благодарност за континуираната поддршка за евро - атланската интеграција на Република Македонија и очекување за позитивен исход од претстојниот Самит на НАТО во јули оваа година.

„Министерот Димитров информираше за проактивниот дипломатски ангажман на Република Македонија за реализирање на надворешно-политичките приоритети - добивање покана за членство во НАТО и датум за почеток на преговорите со ЕУ", се вели во соопштението.

Тој исто така ја потврдил и одлучноста и политичката волја на Владата за навремено и ефикасно реализирање на реформските процеси и унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка .

„Членството во НАТО за Република Македонија значи стабилност за земјата и за регионот“, истакнал министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.

Генералниот секретар на НАТО, како што се соопштува, Јенс Столтенберг ја потврдил политиката на отворени врати на НАТО, го изнел својот позитивен впечаток од демократскиот развој во земјата, искажувајќи поддршка за реформските процеси на Владата на Република Македонија.

Воедно, Столтенберг изразил и охрабрување да се искористи позитивниот моментум на земјата со цел реализација на нејзината евро-атлантска аспирација.

Во текот на денот, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе оствари средби со државниот врв, а ќе одржи и заедничка прес конференција со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.