Балкан

Дојран: Референдум против рудници за да се спаси езерото од загадување

Референдумот се одржува како резултат од стравувањето на граѓаните дека Казандол но и потенцијалниот Башибоз на Беласица се закана за екоземјоделството, туризмот но и за Дојранското езеро

Ivana Ramadanova  | 22.07.2017 - Обновена : 24.07.2017
Дојран: Референдум против рудници за да се спаси езерото од загадување

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Жителите на Дојран денеска се изјаснуваат преку рефендум дали се за или против рудници во нивната општина, пренесува Anadolu Agency (AA).

Референдумот се одржува како резултат од стравувањето на граѓаните дека Казандол но и потенцијалниот Башибоз на Беласица се закана за екоземјоделството, туризмот но и за Дојранското езеро.

Право на глас на утрешниот референдум имаат 2.746 граѓани кои ќе се изјаснуваат на осум гласачки места по две прашања и тоа: „Дали сте за или против отварање рудници за металични минерални суровини“ и „Дали сте за или против продолжување со работата на рударскиот комплекс Казандол“.

За овој реферндум во Дојран да успее ќе треба да излезат минимум околу 1.380 граѓани.

Дојран е третата општина по ред во југоистокот на Македонија, што на референдум ќе се изјаснува против рудници.

Гевгелија и Богданци масовно гласаа против и побараа да се стопира изградбата на комплексот Казандол.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın