Балкан

Заев во Белград: Треба да ги следиме интересите на нашите граѓани и да соработуваме

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, денеска во Белград изјави дека Македонија и Србија имаат односи на високо ниво и дека евроинтеграциите се приоритет на двете земји на кој заедно можат да работат

Andelija Stojkovic  | 21.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
Заев во Белград: Треба да ги следиме интересите на нашите граѓани и да соработуваме (Foto:Miloš Miškov/AA)

Belgrad

БЕЛГРАД (AA) - Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, денеска во Белград изјави дека Македонија и Србија имаат односи на високо ниво и дека евроинтеграциите се приоритет на двете земји на кој заедно можат да работат, јавува Anadolu Agency (AA).

Заев рече дека Србија е сосед со кој Македонците имаат најдобри лични односи и народот на Србија го доживуваат како многу пријателски народ.

„Треба да ги следиме интересите на нашите граѓани и да отвораме соработка на тие прашања", изјави Заев.

Запрашан за најавата на Македонија дека ќе гласа за членството на Косово во УНЕСКО, Заев рече дека Македонија го почитува дијалогот на Белград и Приштина, изразувајќи верување дека решение ќе биде најдено наскоро.

„Тоа е важно за Србија и нејзината европска перспектива, но верувајте дека е важно и за европската перспектива на целиот регион", рече Заев на конференцијата за новинарите со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

На прашањето за Косово, но и за неколку дипломатски тензии во изминатите месеци, и Брнабиќ и Заев рекоа дека Македонија и Србија имаат пријателски односи и дека константно се во контакт, со цел да се решат отворените прашања.

Премиерот на Македонија оцени дека економската соработка е константно добра и дека увозот и извозот на двете земји растат, како и дека Србија е трет трговски партнер на Македонија, а трговската размена во 2016 година достигнала 723 милиони долари.

Кога станува збор за регионалната соработка, Заев рече дека Македонија ќе го поддржи српскиот интерес и така ќе ги поддржи напорите на Србија да биде средиште на транспортната заедница на Југоисточна Европа, додека Брнабиќ рече дека ќе ја поддржи Македонија за секоја активност што сака да ја организира, како што е ИТ дигиталниот самит во Скопје, предвиден за наредната година.

Српската премиерка на конференцијата рече дека е договорена заедничка седница на двете влади да биде одржана кон крајот на февруари или почетокот на март 2018 година.

Таа истакна дека посетата на премиерот на Македонија е важна и претставува добар сигнал за понатамошни проекти, меѓу кои ги спомна и поврзувањето на двете земји, со завршувањето на јужниот крак од Коридорот 10, можноста за изградба на гасна интерконекција Врање – Куманово и изградба на пругата Будимпешта –Белград – Скопје.

„Важно е што денес ја имаме оваа посета, таа е добар сигнал за сите наши понатамошни проекти, добар сигнал којшто кажува дека сите отворени прашања треба да ги решаваме со дијалог", рече Брнабиќ.

Таа додаде дека состанокот е добра можност за дополнително економско и трговско поврзување и поголема соработка во работата на двете царински управи.

Премиерката на Србија ја пофали соработката на министерствата за внатрешни работи на Србија и Македонија, во аспект на спречување на илегалните миграции.

По средбата со Брнабиќ, предвидено е премиерот Заев да се состане со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın