Балкан

Заев и Груевски за насилните настани во Собранието

Лидерите на двете најголеми политички партии во Република Македонија, Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Заев, претседателот на СДСМ, во јавноста излегоа со свои видувања и ставови во врска со насилните случувања во Собранието

Admir Fazlagikj  | 29.04.2017 - Обновена : 29.04.2017
Заев и Груевски за насилните настани во Собранието Foto: AA/Arhiva

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - По синоќешните насилни настани во Собранието на Република Македонија, откако парламентарното мнозинство го избра Талат Џафери, пратеникот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), со свои видувања и ставови во врска со новонастанатата политичка ситуација излегоа лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија, Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Заев, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), пренесува Anadolu Agency (AA).

Заев: Настаните во Собранието беа тест за Македонија и нејзините граѓани

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев одржа прес-конференција на која рече дека вчерашниот ден во Парламентот беше тест за Македонија и за сите нејзини граѓани.

„Мора да покажеме колку сме зрели како луѓе и колку сме зрели како држава. Не смееме да потпаднеме под провокациите кои имаат поделба. Затоа Ве повикувам сите Вас да останеме мирни и присебни", рече Заев.

Лидерот на СДСМ повика сите вработени во јавните институциите да ја сватат совијата одговорност. Тој рече дека ќе ја води Македонија затоа што верува дека вреди сето она за што се залгале.

Меѓу другото, Заев истакна дека САД, ЕУ, НАТО, и како што рече, целата меѓународна заедница, во парлаламентарното мнозинство го гледааат моторот на мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот на мирот и регионот.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашните насилства во Собранието, Заев насилните настани во Собранието ги окаректеризира како обид за убиство по план и добра умисла.

„Од влезот на луѓето во Сообранието, координирањето, директното доаѓање до таму каде се поединците кои се фокусирани, пратенициите, за жал загазија и новинарите и тие беа под директно насилство. Тоа беше обид за убиство по усмисла и со план", рече Заев.

Додаде дека во рок од 2-3 дека очекува да биде доделен мандатот за формирање на новата влада и земјата да тргне напред.Двајцата партиски лидери го осудија насилството во Собранието и повикаа институциите да ги откријат сторителите на овие дела.

Груевски: Избор на претседателот на Собранието е незаконски

Од друга страна, претседателот на ВМРО-ДПНЕ Никола Груевски во дебатна емисија на една приватна телевизија во Македонија, изјави дека изборот на претседател на Собанието од страна на Парламентарното мнозинство претставува кршење на правото. 

Тоа беше кршење на правото", рече Груевски во интервјуто. Тој истакна дека реакциите на меѓународната заедница за него биле очекувани после снимките кои излегле од Собранието, и на таквите снимки, како што рече тој, секој би реагирал, кога гледа дека се тепаат пратеници и народ и додаде: „Меѓутоа, кога ќе се погледнат добро фактите ќе се види дека она што се случи е незаконско, нелегално, против уставно и против деловничко да се избере претседател на Собрание,"

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, Македонија Македонија веќе подолг период е предмет на надворешен обид, операција за промена на владата, со цел промена на уставниот поредок и името. Груевски, во вечерашното интервју рече дека никогаш не бегал од земјата, без оглед дали тоа биле лоши или добри моменти.

Говорејќи во врска со протестите против платформата на албанските политички партии во Македонија, кои се одржуваат во организација на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, Груевски истакна дека во моменти кога ВМРО-ДПМНЕ има 50 пратеници во Собранието не може да очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбрани интересите на државата и на народот и дека народот треба да си ја брани државата и народот шеесет дена го правеше тоа.

Според него, народот излезе надвор и шеесет дена, како што рече, како никогаш до сега толку долго и толку интензивно излегувал и испраќач пораки дека не се согласува со тоа што го прави Заев и дека тој прави изборна измама.

Груевски, изјави дека смета дека она што се случи вчера било смислено сценарио на СДСМ да го испровоцира народот. Осврнувајќи се на меѓуетничките односи во земјата, Груевски рече дека е со сиот народ што сака да живее в границите на оваа држава.

„Албанскиот народ, сиот народ што сака да живее во границите на оваа држава, а не во друга ние сме на негова страна. Ние се бориме да не дојде до реализација на некои радикални структури кои што и на нив ќе им го растурат животот", порача Груевски.

Во хаотична атмосфера во Собранието, парламентарното мнозинство го избра пратеникот од ДУИ, Талат Џафери за претседател на Собранието. Потоа следуваа инциденти пред Собранието и внатре во Собранието, кога насилно во Собранието влегоа дел од собраните граѓани кои протестираа пред зградата на Собранието.

Министерство за внатрешни работи информираше дека безбедносната состојба во централното градско подрачје, околу и во собранието е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. Според соопштението на МВР, во вечерашните инциденти пред и во Собранието, повредени се 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın