Балкан

Заев: Од 1. септември минималната плата ќе изнесува 12.000 денари

Премиерот Заев информираше дека со измените и дополнувања на буџетот за 2017 година се обезбедени средства за субвенционирање на минималната плата, со цел истата да изнесува 12.000 денари и тоа почнувајќи од 1. септември

Admir Fazlagic  | 07.07.2017 - Обновена : 08.07.2017
Заев: Од 1. септември минималната плата ќе изнесува 12.000 денари

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска одржа прес конференција на која информираше дека на денешната седница Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2017 година и веќе го достави до Собранието. Заев истакна дека со ребалансот се обезбедени средства за субвенционирање на минималната плата, со цел истата да изнесува 12.000 денари и тоа почнувајќи од 1. септември оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).

Тој нагласи дека очекува за дваесетина дена да завршат сите процедури во Собранието и ребалансот да биде донесен пред Илинден.

Како што рече претседателот на Владата Заев, релабалност произлезе според предлог на сеопфатна и детална анализа на Министерството за финансии коешто посветено работело за да ги проектира сите буџетски ставки.

Премиерот Заев информираше дека со ребалансот на буџетот се намалени трошоците на Владата за повеќе од 10 отсто, а најголемо кратење има кај буџетот на премиерот од речиси 30 отсто или нешто повеќе од 420 милиони денари. Во досегашната пракса, додаде Заев, ниту еден ребаланс на буџетот не посегнувал по кратење на буџетот на премиерот, туку растел.

„Вкупните средства со кратење од премиерскиот буџет изнесуваат нешто повеќе од 420 милиони денари.Тоа се средства кои беа предвидени да бидат потрошени за кампањи, емитување и реемитување на рекламни спотови дома и во странство, како и за селективна распределба на одредени граѓански организации", рече премиерот Заев.

Тој информираше дека со измените и дополнувања на буџетот за 2017 година се обезбедени средства за субвенционирање на минималната плата, со цел истата да изнесува 12.000 денари и тоа почнувајќи од 1. септември.

„Со оваа мерка се предвидува владата да субвенционира околу 70 отсто од потребниот пораст на бруто платата а со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 70 илјади наши сограѓани. Со ребалансот на буџетот трајно ќе се реши проблемот на стечајните работници. Ќе бидат опфатени околу 3.000 лица коишто ќе се стекнат со право на месечен надомост", истакна Заев.

Додаде дека кратењето на непродуктивните трошоци во буџеотот ќе обезбеди поддршка на домашниот туризам преку субвеницоонирање на годишен одмор на работниците со ниски приходи во износ од од еден милион евра, или 60 милиони денари.

Меѓу другото, премиерот Заев рече дека се предвидува дефицитот на Буџетот да остане 2,9 отсто од БДП, а предвидениот раст да изнесува 2,2 проценти наместо првично предвидените 3 отсто од претходната влада и проектираните 2,8 од Светска банка, односно 2,7 отсто од Народна банка на Република Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.