Балкан

Извршена молитвата за големиот муслимански празник Рамазан Бајрам

Во главните градови на земјите од регионот денес е извршена молитвата по повод големиот празник Рамазан Бајрам. Веднаш по молитвата муслиманите овој празник го прославуваат во кругот на семејството и своите најблиски и пријателите

Ekip  | 25.06.2017 - Обновена : 26.06.2017
Извршена молитвата за големиот муслимански празник Рамазан Бајрам

Skopje

СКОПЈЕ/ПРИШТИНА/ ТИРАНА (АА) - Постот за месецот Рамазан за муслиманите заврши, а денес е извршена молитвата по повод големиот празник Рамазан Бајрам, кој се слави после месецот на постот. Веднаш по молитвата муслиманите овој празник го прославуваат во кругот на семејството и своите најблиски и пријателите, посетувајќи се меѓусебно, јавува Anadolu Agency (AA).

Во организација на Исламската заедница на Македонија (ИВЗ), во присуство на нејзиниот лидер, Реис-ул-улема Сулејман ефенди Реџепи кој ја предводеше молитвата на која беа присутни голем број муслимани, во Мустафа пашината џамија во Скопје се одржа централниот настан за Рамазан Бајрам, при што се читаа делови од светата книга за муслиманите, Куранот, се интерпретираа духовни песни (илахи) на различни јазици на етничките заедници кои живеат во Република Македонија.

Пригодното предавање за Рамазан Бајрам, во име на претседателот на ИВЗ во Македонија, на три јазици ја прочита ученикот на медресата „Иса Бег" во Скопје, Орхан Зендели, кој се осврна на важноста на месецот на постот Рамазан, истакнувајќи дека овој месец за верниците муслимани помина со молитви и со пораки на добрина.

Во Големата џамија во Приштина, денеска се одржа централната манифестација за празникот Рамазан Бајрам,каде присуствуваа голем број на верници.

Бајрамското предавање го одржа муфтијата на Косово, Наим Трнава, кој на верниците им обрати упатувајќи честитка за овој празник, укажувајќи на неговата важност за верниците муслимани. Муфтијата Трнава посочи дека на човештвото му е потребен мир, хармонија и меѓусебно разбирање.

И во главниот град на Албанија, Тирана, денес е извршена молитвата по повод Рамазан Бајрам. Илјадници верници се собраа на плоштадот „Скендербег" во центарот на градот на бајрамската молитва.

Исто така и во другите градови во земјите од регионот се изврши бајрамската молитва. Оние кои ги предводеа молитвите во своите пораки до верниците порачаа дека празникот Бајрам е можност да се подели радоста со останатите верници, членови од семејството, соседи и пријатели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın