Балкан

Извршени претреси во домовите на 4 учесници во насилните настани во Собранието

- Притоа по наредба на Судија на претходна постапка извршени се претреси во домовите на четири лица од Скопје. По извршениот претрес три о се лишени од слобода а по насока на јавен обвинител истите се ослободени, велат од МВР

Admir Fazlagic  | 27.05.2017 - Обновена : 28.05.2017
Извршени претреси во домовите на 4 учесници во насилните настани во Собранието

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Македонија соопшти дека во рамките на преземените мерки и активности во врска со насилните настини кои се случива во Собранието на Република Македонија на 27 април минатиот месец, по наредба на Судија на претходна постапка извршени се претреси во домовите на четири лица од Скопје, од кои три биле задржани, а по насока на јавен обвинител биле ослободени, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Од страна на Единицата за насилен криминал во СВР Скопје, а во врска со настаните случени на 27.04.2017 година во Собранието на РМ, на 24 -ти овој месец преземени се мерки и активности и вршен е преглед на видео записи, а во насока на идентификување на останати лица учесници во настаните кои презеле дејствија кои имаат елементи на сторено кривично дело. Притоа по наредба на Судија на претходна постапка извршени се претреси во домовите на четири лица од Скопје А.Д. (43), С.П. (51), А.М. (22) и А.К. (43). По извршениот претрес три од лицата (С.П., А.К. и А.М.) се лишени од слобода а по насока на јавен обвинител истите се ослободени", соопшти МВР.

Исто така на информативен разговор повикани се и три други лица Т.З. (50), М.П. (22) и Л.Ѕ. (42) сите од Скопје, велат од МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните случени на 27.04.2017 година во Собранието и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.

Потсетуваме дека вечерта на 27 април, по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, од страна на парламентарното мнозинство предводено од Социјалдемократскиот сојуз, во хаотична ситуација, демонстрантите симпатизери на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија" кои се собраа пред зградата на Парламентот, влегоа на сила во зградата. Како резултат на насилството од страна на демонстрантите кон пратениците, беа повредени околу 100 луѓе, вклучувајќи и пратеници, полицајци и претставници на медиумите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.