Балкан

Косово одбележува 10 години независност

Косово, кое е „најмладата земја во Европа“, која прогласи еднострана независност на 17 февруари 2008 година, ја прославува својата десетта година на независноста

Dzihat Aliju  | 17.02.2018 - Обновена : 18.02.2018
Косово одбележува 10 години независност

Skopje

СКОПЈЕ (AA) - ЏИХАД АЛИУ -

Косово, кое е „најмладата земја во Европа“, која прогласи еднострана независност на 17 февруари 2008 година, ја прославува својата десетта година на независноста, пишува Anadolu Agency (AA).

Покрај тоа што зад себе ја остави војната и вооружените конфликти што ги доживеа на крајот од 1990-тите години, Косово и понатаму останува земја која сеуште се бори со многу проблеми.

Во периодот кога ја прогласи својата независност даде големи надежи за иднината на граѓаните. Но Косово, како што поминуваат годините, исто така, предизвикува коментари како „држава која не беше замислена така" поради развојот на настаните во земјата, како што се членството во Обединетите нации (ОН) и интеграциите во Европската унија (ЕУ).

- Косовската војна -

Во раните 1990 години, кога Југославија почна да се распаѓа, во процесот на таканаречена „балканизација“ која влезе во светската политичка литература, косовските Албанци станаа непријатни за растечкиот српски национализам и подоцна формираа Ослободителна војска на Косово (ОВК), која имаше важна улога во независноста на земјата.

Нападите на српските војници, полицијата и паравоените сили против ОВК, кои бараа независност во 1998 година, завршија со бомбардирањето на НАТО на Сојузна Република Југославија, во 1999 година. Во оваа војна, повеќе од 8.000 Албанци и 10.0000 Косовари беа убиени, а речиси милиони луѓе од различни етнички групи од Косово, кои меѓу нив 800.000 Албанци ја напуштија земјата.

- „Тензични“ години со Србија за време на патот кон независноста-

Тензијата меѓу Србија и Косово беше наизменична од времето на војната во Косово.

Првата голема криза по војната беше во 2004 година. Во настаните, наречени „Мартовски востанија“, беа убиени 19 лица, од кои 11 се Албанци и 8 Срби, а стотици беа повредени. По востанијата, во 2005 година беше изготвен извештај од норвешкиот амбасадор Каи Еид, назначен од генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Кофи Анан, за специјален претставник на Косово, за отпочнување преговори за конечниот статус на Косово.

Во 2005 година, Анан го назначи Марти Ахтисари за специјален претставник на Косово. Во 2007 година, Ахтисари до Советот за безбедност на ОН достави извештај во кој се велеше дека Косово треба да биде независно. Србија го отфрли и предложи „надгледувана автономија“. Во согласност со планот на Ахтисари и резолуцијата 1244 на ОН, Косовското Собрание прогласи еднострана независност на 17 февруари 2008 година.

Денес Косово го признаваат вкупно 116 земји, од кои 113 се земји-членки на ОН. Со цел да стане членка на Организацијата на Обединети нации, две третини од 193 членки, мора да го признават Косово.

- Процес на дијалог со Србија -

Србија продолжува да го смета Косово како нејзина територија, кое е признаено како независна држава од 116 земји.

Политичкиот дијалог со посредство на ЕУ беше започнат во 2011 година за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Сепак, овој процес беше прекинат поради тензии, особено во првите два месеци од последните две години.

На почетокот на минатата година, Рамуш Харадинај, актуелниот премиер на Косово и поранешен командант на ОВК , беше притворен на аеродромот во Франција со меѓународна потерница од Србија. Харадинај првпат беше ослободен под услов за судска проверка, а потоа барањето за екстрадиција во Србија беше одбиено.

Друга причина што го прекина дијалогот беше инцидентот што влезе во литературата како „кризата со возот“. На 14 јануари 2017 година, воз од Србија, на кој беше напишано „Косово е Србија“, на 21 јазици и со српското знаме насликано во боите на возот, требаше да влезе во земјата без дозвола од Косово со цел промовирање на новата железничка линија од српскиот главен град Белград до градот Митровица.

Оливер Ивановиќ, претседател на Народна иницијатива за слобода, демократија и правда во Косово, кој загина на вооружен напад на 16 јануари 2018 година пред канцеларијата во северна Митровица, предизвика страните да влезат во новата криза. Состанокот за косовско-српскиот дијалог, кој требаше да се одржи во Брисел во тоа време, беше откажан по повлекувањето на српската страна.

Овој дијалог, кој е важен и за Косово и за членството на Србија во ЕУ, се очекува да продолжи во иднина.

  - Црногорскиот „пограничен договор“ и „формирањето на вооружените сили“ -

Друго прашање од големо значење за Косово е воведувањето на Договорот за одредување на границата, потпишан на 28 август 2015 година со Црна Гора. Официјалните претставници на ЕУ велат дека визната либерализација може да биде можна само доколку договорот стапи на сила. Договорот, иако одобрен од страна на Црна Гора, допрва треба да биде ратификуван, бидејќи доведува до бројни реакции во Косово.

Друга пречка пред Косово е процесот на трансформација на постојните Косовски безбедносни сили (ФСК) во Косовските вооружени сили. Пратениците на косовските Срби не се согласни за промена. Постапката бара две третини од 120 парламентарци во советот да ја одобри трансформацијата, како и парламентарните претставниците на други етнички групи со 20 места во Собранието на Косово. Во парламентот има 10 српски пратеници и 10 турски, бошњачки, ашкали и горански пратеници.

- Тројца премиери и четворица претседатели за 10 години -

Ибрахим Ругова, кој работеше за независноста на Косово, и покрај сите негови напори, не можеше целосно да го види Косово како независна држава, бидејќи го загуби животот во 2006 година како претседател. Ругова, исто така познат како „Отец на нацијата“ и „Ганди на Балканот“ поради неодамнешната улога на Косово, ги водеше преговорите за независноста на неговата земја до 21 јануари 2006 година, кога тој почина.

Првиот претседател на независната држава Косово е Фатмир Сејдиу, додека првиот премиер е денешниот претседател Хашем Тачи. Од независноста до денес, Косово имаше 3 премиери и 4 претседатели.

Претседателот Хашим Тачи, претседателот на парламентот Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај имаат историска врска со ОВК. Особено е забележано дека поранешните команданти на ОВК се на највисока позиција во земјата во последниот период.

- Малцинствата и знамето на Косово - 

Додека Албанците се во мнозинско население во Косово, чиј главен град е Приштина, има население од околу 1 милион 780 илјади жители. Во земјата постојат различни малцински групи како што се Турците, Бошњаците, Србите, Горанци, Романи, Ашкали. Мнозинството Турци кои живеат во Мамуша и Призрен претставуваат 1,1 процент од населението.

Косовското знаме е составено од шест бели ѕвезди на сина позадина и жолта карта на Косово под него. Шесте ѕвезди претставуваат 6 етнички групи (Албанци, Срби, Турци, Бошњаци, Горанци и Романи) кои живеат во земјата.

Косовските Албанци, исто така, го користат националното албанско знаме, каде црниот двоглав орел се наоѓа на црвена позадина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.