Балкан

Косово: Покрената петиција за измена на Законот за Специјален суд

„Ова е последна шанса за сите коие кои згрешиле, бидејќи никако поинаку не може да се нарече него грешка потпишувањето на Специјалниот суд", рече Харадинај

Zülfiya Yakup  | 15.12.2017 - Обновена : 16.12.2017
Косово: Покрената петиција за измена на Законот за Специјален суд (Foto: Erkin Keçi / AA)

Pristina

ПРИШТИНА (AA) – Претставници на организациите кои произлегуваат од борбата на Ослободителната војска на Косово (ОВК) денеска покренаа петиција, со која ќе се побара од Собранието на Косово да го измени и дополни Законот за Специјализирани совети и Канцеларија на специјализирано обвинителство, за да тој суд ги третира сите злосторства извршени на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).

Собирањето потписи е започнато на штандот поставен на Плоштадот Скендербег во центарот на Приштина, каде меѓу првите петицијата ја потпишаа челници на организациите кои произлегуваат од борбата на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Потпретседателот на Организацијата на воените ветерани на ОВК, Насим Харадинај истакна дека тие не се против правдата, но дека бараат законот за Специјален суд да се измени, доколку не може потполно да се отсрани, за да ги третира сите злосторства извршени на Косово, а не само, како што рече, наводните злосторства на ОВК.

„Ова е последна шанса за сите коие кои згрешиле, бидејќи никако поинаку не може да се нарече него грешка потпишувањето на Специјалниот суд. Наша желба е Специјалниот суд да не се случи воопшто, туку да се отстрани и дека таа работа ја прават наши косовски судови. Но, бидејќи дојде до ова, ние сметаме дека Специјалниот суд кој е усвоен во минатиот состав на Собранието ги крши човековите права", рече Харадинај.

Претседателот на Здружението на семејствата на паднатите борци на ОВК Џавид Јашари истакна дека пратениците на Собранието на Косово, требаа добро да размислат пред да отворат пат на таков суд кој го крши уставот на Косово.

„Сметам дека нема ништо деградирачко и навредливо, не само за тие момчиња и девојки који со својата крв, својата борба, не донесоа до слободата на овој дел од земјата, туку мислам дека ова е најтешка навреда која му се врши на албанскиот народ, не само на Косово, туку воопшто"; рече Јашари. Тој додаде дека борбата на ОВК била шиста и праведна, како и дека го обврзува секој граѓанин да ја чува.

Собирањето потписи е организирано во сите ограноци на организациите кои произлегуваат од војната на ОВК, ширум Косово, а целта е да се соберат најмалку 10 илјади потписи, колку што е потребно за да Собранието ја разгледува петицијата.

Специјализираните совети и Канцеларијата на специјализираното обвинителство на основа на Уставниот амандман и Законот кој го усвои Собранието на Косово поради водење на судењата за наводите од Извештајот на Советот на Европа од 2011. година, кој ги опфаќа злосторствата на припадниците на ОВК, кои наводно се извршени помеѓу 1. јануари 1998. година и 31. декември 2000. година. За време на неодамнешната посета на Косово, Екатерина Трендафилова, претседателката на Специјализираните совети, изјави дека мандатот на тој суд е да се процесуираат судските предмети против поединци, а не против организации или националности.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın