Балкан

Косово: Премиерот Харадинај се состана со Ахмет Давутоглу

Премиерот Харадинај ја пофали улогата на поранешниот премиер Давутоглу и турската дипломатија во лобирање за зголемување на бројот на признавањата и за целокупниот процес на градењето на Косово

Zülfiya Yakup  | 16.02.2018 - Обновена : 17.02.2018
Косово: Премиерот Харадинај се состана со Ахмет Давутоглу

Pristina

ПРИШТИНА (AA) – Премиерот на Косово Рамуш Харадинај денеска се состана со поранешниот премиер на Турција Ахмет Давутоглу, пренесува Anadolu Agency (AA).

Премиерот Харадинај ја пофали улогата на поранешниот премиер Давутоглу и турската дипломатија во лобирање за зголемување на бројот на признавањата и за целокупниот процес на градењето на Косово, соопштено е од Владата на Косово.

На состанокот е разговарано и за последните политички случувања, за процесот на евроатланските интеграции и продлабочувањето на економската соработка.

Премиерот Харадинај во таа прилика нагласи дека во Косово е создадена поволна клима за потенцијални инвеститори.

Поранешниот премиер Ахмет Давутоглу му ја честиташе на косовскиот премиер Харадинај и на граѓаните на Косово десеттата годишнина на независноста, пофалувајќи ги достигнувањата и успесите кои се остварени во текот на оваа деценија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.