Балкан

Косово: ЦИК ги потврди конечните резултати на парламентарните избори од 11 јуни

Централната изборна комисија ги потврди конечните резултати од предвремените избори за Собранието на Косово одржани на 11 јуни

Zülfiya Yakup  | 08.07.2017 - Обновена : 09.07.2017
Косово: ЦИК ги потврди конечните резултати на парламентарните избори од 11 јуни

Pristina

ПРИШТИНА (АА) - Централната изборна комисија (ЦИК) ги потврди конечните резултати од предвремените избори за Собранието на Косово одржани на 11 јуни, откако доби потврда од Панелот за жалби и претставки и Врховниот суд на Косово дека тие институции немаат повеќе прашања за разгледување, пренесува Anadolu Agency (AA).

Од вкупниот број на запишани гласачи 1.888.059, на изборите гласаа 747.228 или 41.30 отсто од гласачите.

Според конечните резултати, коалицијата ПАН (Демократска партија на Косово-Алијанса за иднина на Косово-Алтернатива) освои најмногу гласови, 245.627 или 33,74 отсто.

Второ е Движењето „Самоопределба” со 200.135 освоени гласови или 27,49 отсто, додека третата коалиција ЛАА (Демократски сојуз на Косово - Алијанса ново Косово - Алтернатива) со 185.884 гласови или 25,53 отсто. Следува Граѓанската иницијатива Српска листа со освоени 44.499 гласови или 6,11 отсто.

Врз основа на освоените гласови, коалицијата ПАН ќе има 39 од вкупно 120 пратеници на Собранието на Косово, „Самоопределба” ќе има 32 пратеници, коалицијата ЛАА 29, Српската листа 9, двајца пратеници коалиција ВАКАТ и турска Демократска партија на Косово, и по еден пратеник на Единството горанска партија , Ашкалијската партија за интеграција, Демократската партија на косовските Ашкалии, Самостојната либерална партија, Либералната партија на Египќаните, Новата демократска партија и Обединетата ромска партија на Косово.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın