Балкан

Крводарителска акција по повод 54-годишнината од земјотресот во Скопје

Александра Волкановска од Црвениот крст на град Скопје, истакна дека крводарителската акција остана традиција од земјотресот од 1964 година и се одржува со цел да се покаже хуманоста и поддршката на граѓаните на Скопје

Besar Ademi  | 26.07.2017 - Обновена : 27.07.2017
Крводарителска акција по повод 54-годишнината од земјотресот во Скопје (Foto: Besar Ademi/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Со пригодни активности и манифестации, денеска град Скопје ја одбележува 54-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1964 година, во којшто загинаа 1.070 луѓе, а три илјади беа повредени, јавува Anadolu Agency (АА).

Меѓу големиот број активности посветени на 54-годишнината од катастрофалниот земјотрес, во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“, од 9.00 до 17.00 часот, Црвениот крст на град Скопје ја спроведува традиционалната акција за крводарителство, во знак на сеќавање на земјотресот, но исто така, за да се демонстрира солидарноста и хуманоста на граѓаните на Скопје.

Александра Волкановска од Црвениот крст на град Скопје, истакна дека крводарителската акција остана традиција од земјотресот од 1964 година и се одржува со цел да се покаже хуманоста и поддршката на граѓаните на Скопје во ситуации кога тоа е потребно, пред сѐ, при природни катастрофи.

„Досега имаме над 120 крводарители до крајот од денот очекуваме уште поголема бројка. Меѓутоа, она што е интересно оваа година е тоа што и вработените на Црвениот крст се придружуваат кон оваа крводарителска акција и тие дојдоа и даруваа крв“, рече Волкановска за АА.

Од Црвениот крст на град Скопје велат дека во првите шест месеци од оваа година, во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“, вкупно 1.037 волонтери донирале крв, што значи 150 до 200 крводарители на ден. Од друга страна, во 2016 година се регистрирани 1.882 крводарители.

Со низа информативни, едукативни и културни активности и манифестации, денес во Скопје се одбележуваат 54 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

Во рамките на одбележувањето, официјални делегации и претставници на институции денес положија цвеќе на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес.

Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и секретарот на Црвениот крст на град Скопје, Сузана Пауновска, присуствуваа на пуштањето во употреба на проширениот капацитет на Пунктот за бездомници – Момин Поток.

Градоначалникот Трајановски вечер во Музејот на Град Скопје, со почеток од 20 часот, ќе ги отвори изложбите „АрхиТРАНСформа-Архибелези“ на архитектите Јасминка Намичева и Екатерина Намичева и „Concrete мemories“, фотографии на Матијас Шуман, Дрезден, Германија.

На изложбата „АрхиТРАНСформа-Архибелези“ од архитектите Јасминка Намичева и Екатерина Намичева, преку презентирани архивски документи, фотографии и реконструкции на градбите, направен е преглед на училишните објекти во Скопје изградени во периодот меѓу двете светски војни (1918-1941година).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.