Балкан

Курц: Европа треба да одлучи кој смее да мигрира во Европа

Ние како Европа треба да одлучиме кој смее да мигрира во Европа а кој не и не смееме оваа одлука да им ја оставиме на шверцерите со луѓе, изјави австискиот минисер за надворешни работи Себастијан Курц

Admir Fazlagic  | 12.02.2017 - Обновена : 13.02.2017
Курц: Европа треба да одлучи кој смее да мигрира во Европа (Besar Ademi - Anadolu Agency)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Денеска во посета на Република Македонија престојува министерот за надворешни работи на Австрија и претседавачот со ОБСЕ за 2017. година, Себастијан Курц, кој по средбата со неговиот македонски колега, министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, одржаа заедничка прес конференција, јавува Anadolu Agency (AA).

Австрискиот министер изрази задоволство што е во Македонија и истакна дека Македонија и Австрија имаат добра политичка и економска соработка. Рече дека денеска престојува во Македонија со цел да се заблагодари на оваа држава што ја поддржа Австрија, кога заеднички е организирано затворањето на западната „Балканска рута" за бегалците. Според него тогаш започна менување на трендот, и затворањето на Балканската рута беше регионално решение, кое предизвика домино ефект на самата „Балканска рута" да се намали целиот тек на бегалци во Австрија, а Македонија како прва држава до Грција го имаше најголемиот притисок, за што министерот Курц упати багодарност до Македонија.

Министерот Курц истакна дека Европа треба да одлучува кој смее да мигрира а кој не.

„Затворањето на Балканската рута и Договорот со Турција покажаа дека е можно да се управува со оваа ситуација дека е може да се заторат границите и јас ви се заблагодарувам. Направивме одлична работа во целиот Шенген простор. Се надевам дека ќе успееме да напаравиме уште повеќе чекори. Ние како Европа треба да одлучиме кој смее да мигрира во Европа а кој не и не смееме оваа одлука да им ја оставиме на шверцерите со луѓе", изјави австискиот минисер за надворешни работи.

Исто така, Курц изјави дека од затворањето на Балканската рута има намалување на приливот на бегалци од 98 отсото во споредба со 2015. година. За разлика од „Балканската рута", тој додаде дека во Италија и во рутата на Средна Европа има зголемување на приловот на бегалци за 20 отсто во споредба со 2015. година.

На прес-конференцијата, министерот Курц се осврна и на неговото претседавање со ОБСЕ, во рамките на кое акцентот ќе биде ставен на борбата против радикализација, зајакнувањето на довербата во ОБСЕ, посебно за состојбата во Украина, и како трет фокус, Курц го наведе обидот постоечките конфликти да се решат или да се направат напори тие да не ескалираат.

Од друга страна, министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски изјави дека со својот австриски колега денеска беа во посета на македонската јужна граница, каде како што рече се „кршеа копјата за заштита на Шегнен договорот и системот на слободно движење на граѓаните во рамките на ЕУ."

„Мигрантската криза покажа и дека Австија беше заедно со Република Македонија во оние моменти кога беше најгусто и за добра кауза. Не само да избегнеме хуманитарна криза во што несомнено успеавме, туку и да го сочуваме најскапоценото за Европа, а тоа е слободата на движењето на луѓето", изјави министерот Попоски.

Тој се осврна и на партнерстово и соработка со Австрија за кое рече дека не постои само во областа на економијата, при што напомена дека во Македонија има 40 австриски инвеститори. Попоски наведе дека Македонија и Австрија соработуваат во делот на безбедноста, борба пртоби радикализацијата ,насилниот екстремизам и Европскиот проект.

Додаде дека Австрија претстедава со ОБСЕ и од тој аспкет изрази уверување дека истата соработката која двете земји ја имаа на билатерално ниво ќе се преслика и на оваа организација. Министерот Попоски рече и дека Македонија посебно ја цени поддршката на Австрија која оваа земја и ја дава на Македонија и регионот на патот на европските интеграции, како и дека со спроведување на неопходните реформи, соработката која веќе постои, поддршката од Австрија и од поголем број на земји од ЕУ, Македонија ќе стигне до заслуженото признание и отпочнување на процесот на преговори за членството во Европската унија.

Двајцата министри се осврнаа и на актуелната политичка ситуација во Македонија. Австрискиот министер Курц рече дека е задоволен што се одржаа предвремените парламентарни избори и дека сега останува одлуката на политичките партии да продолжат да работат на понатамошните реформи за членство во ЕУ.

Во однос на платформата на албанските партии, Курц, изјави дека не би сакал да коментира на таа тема, но истакна дека е важно што предвремените парламентарни избори беа фер и демократски, и резултатите од изборите беа прифатени од страна на сите учесници во нив.

Инаку, претходно денеска, двајцата министри ја посетија македонската јужна граница, каде што пред една година имаше најголем прилив на бегалци на таканаречената „Балканска рута". Министерот Попоски, го информираше австрискиот колега во врска со актуелната состојба со илегалните преминувања на македонската јужна граница.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.