Балкан

Македонија: В понеделник започнува кампањата за Локалните избори 2017

Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври. Избирачкиот список во којшто се извршени сите промени, отпечатен во вид на изводи, Државната изборна комисија (ДИК) го заклучува најдоцна до 24 септември.

Admir Fazlagic  | 22.09.2017 - Обновена : 23.09.2017
Македонија: В понеделник започнува кампањата за Локалните избори 2017

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - В понеделник, 25 септември, почнува изборната кампања за локалните избори што треба да се одржат на 15 октомври годинава, пренесува Anadolu Agency (AA).

Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври. Избирачкиот список во којшто се извршени сите промени, отпечатен во вид на изводи, Државната изборна комисија (ДИК) го заклучува најдоцна до 24 септември. ДИК го потпишува Избирачкиот список и изводите од него, најдоцна до 29 септември.

Со жрепка во Државната изборна комисија беше утврден редоследот во единствената листа на кандидати на гласачките ливчиња за претстојните локални избори што треба да се одржат на 15 октомври.

Листи со кандидати за градоначалници и за советници имаат поднесено 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи.

Прва на гласачкото ливче ќе биде СДПМ, втора Коалицијата Алијанса на Албанците и НДП, трета Демократската унија за интеграција (ДУИ), четрврта Коалицијата за Битола - ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, петта Коалиција Заедно за Гази Баба, предводена од БЕСА, шеста НДМ, седма ВМРО-ДПМНЕ, осма Народно движење на Турците, деветта Алијанса на Албанците, 10. е ТМРО, 11. е Демократската партија на Турците, ГРОМ е 12., Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 13., БЕСА е 14., ДПА е 15., Левица е 16., ПДП е 17., Сојузот на Роми е 18., а Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) е 19.

Листите на кандидати за членови на советот и листите на кандидати за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител ќе имаат ист реден број во сите општини.

Во општината каде што нема свој претставник, соодветниот број на подносителот ќе биде изоставен, и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител, без оставање на празно место.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места, во 80 општини и во градот Скопје.

Изборната кампања ќе почне на 25 септември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври. Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври, во 24 часот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın