Балкан

МВР: Пронајдени 12 мигранти во вчерашната акција на полицијата

МВР информираше дека во вчерашната акција која беше спроведена ширум земјата се пронајдени 12 мигранти, 11 од Пакистан и еден Египјанин

Admir Fazlagic  | 11.07.2017 - Обновена : 11.07.2017
МВР: Пронајдени 12 мигранти во вчерашната акција на полицијата (Foto: Ministerstvo za vnatresni raboti na Makedonija)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Македонија информираше дека во вчерашната акција која беше спроведена ширум земјата се пронајдени 12 мигранти, 11 од Пакистан и еден Египјанин. Тие се пронајдени во возило „мерцедес“ на автопатот Скопје-Куманово при активностите за лишување од слобода на возачот Б.К. кој е дел од разбиената организирана криминална група за криумчарење мигранти, пренесува Anadolu Agency (AA).

Акцијата ја сспровеле одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во соработка со одделот за специјални полициски операции при МВР и други организациски единици, како резултат на спроведената истрага и по добиени насоки од јавното обвинителство. За спроведувањето на акцијата од септември минатата година се применети посебни истражни мерки.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски, денеска информираше дека, вчера наутро на автопатот Скопје-Велес се преземени активности за сопирање на возилото со мигрантите.

Сопирањето на возилото во кое се пронајдени мигрантите, четворица во гепекот, а другите во внатрешниот дел на патничкото возило. Возачот, кој е и еден од организаторите, им бегал на полицајците и на одредени делови на автопатот Гевгелија-Скопје и Скопје-Куманово движел се со брзина и до 200 километри на час. Откако ја пробил првата блокада продолжил да се движи при што во обид да ги избегне останатите полициски патроли со возилото ја искршил рампата на наплатната станица во близина на езерото „Младост„ во Велес упатувајќи се кон Куманово. Во близина на рафинеријата „ОКТА“, на автопатот Скопје-Куманово возилото било сопрено присилно и Б.К. е лишен од слобода.

Како што информираше Велковски, истовремено се преземени мерки за лишување од слобода на 13 лица членови на криминалната група кои живеат или престојуваат во подрачјето на Куманово, Скопје и Гевгелија за кои во тек на истрагата се обезбедени докази дека биле вклучени во организирање, прифаќање, транспорт, сместување и префрлање преку државната граница на мигранти.

При извшени претреси на 13 локации, пет во Кумановско, седум во Скопје и една во Гевгелија, лишени од слобода се А.М., Н.А, Б.А, и А.С., од Куманово, потоа А.К., Б.И. и И.Т. додека В.В. сам се пријавил во полициска станица. Во близина на село Арачиново е уапсен и С.Н. заедно со Е.Н. и Р.Ј. кои се превеззувале со „Мерцедесот“. Во Гевгелија е уапсено лицето И.Ѓ.

При претресите се обезбедени повеќе предмети користени во доказна постапка: шест моторни возила, повеќе мобилни телефони и СИМ картички, 27.250 евра, пиштол марка М 57, рамка со четири куруми и нотес со податоци за лица и износи на парични средства.

Мигрантите кои беа откриени во возилото „мерцедес“, куќа и чајџилница во село Ваксинце се преземени од страна на граничната полиција и се предадени во Прифатниот центар за странци на МВР.

Од МВР наведуваат дека организатори на разбиената криминална група за криумчарење мигранти се лица од Пакистан и Авганистан кои подолг временски период престојуваат во Македонија, Србија и Грција. Тие во координација со мигранти и македонски државјани организирале криумчарење илегални мигранти од Грција преку Македонија и Србија кон западноевропските држави. Нивни соработници биле македонски државјани кои имаат улога на водичи, транспортери, сместувачи, извидница, логистика и друго.

„Сакам да напоменам дека за време на водењето на криминалистичката обработка интензивно е соработувано со колегите од Србија и Унгарија, а воспоставени се контакти и со колегите од Грција за размена на податоци и сознанија поврзани со оваа меѓународна криминална група", додаде Велковски.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.